Геминис Интернатионал е водечки снабдувач на професионална козметика и материјали за козметички и фризерски салони во Македонија. Работиме со докажани меѓународни брендови и имаме најголема Е-продавница за професионална козметика во земјата.
За проширување на тимот бараме Технички секретар / Сметководител.
Ако сте прецизни, организирани и уживате да ги држите работите под контрола, ова е позиција за вас.
Што ќе работите:
- Ќе ги обработувате нарачките од клиентите и ќе подготвувате фактури, испратници и друга документација
- Ќе водите евиденција на документи и ќе ја подготвувате и средувате книговодствената документација
- Ќе го следите плаќањето на фактурите и ќе ги усогласувате салдата со клиентите и добавувачите
- Ќе соработувате со магацинот, продажбата и дистрибуцијата за навремена испорака на нарачките
- Ќе одговарате на телефонски повици и пораки од клиенти и ќе ја одржувате канцелариската администрација
- Ќе соработувате со надворешното книговодство и ќе подготвувате извештаи по потреба на менаџментот
Што бараме:
- Средно или високо образование (предност: економски правец, не е потребна лиценца за сметководител)
- Искуство во административни или сметководствени работи (предност: во трговија или дистрибуција)
- Одлично познавање на MS Office, особено Excel
- Предност: искуство со софтвер за фактурирање, магацинско и сметководствено работење
- Одговорност, прецизност и уредност во работата
- Добра организација и способност за работа под рокови
- Пријатна комуникација со клиенти и колеги
- Желба за учење и напредок
Што нудиме:
- Редовна плата и уредно исплаќање
- Стабилна работа во компанија која расте
- Воведна обука за начинот на работа и системите што ги користиме
- Можност за професионален развој
- Пријатна и тимска работна средина
Како да аплицирате:
Испратете CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Технички секретар / Сметководител во предметот. Во пораката напишете со кои програми за фактурирање или сметководство сте работеле и колку долго. Ќе контактираме само кандидати кои влегуваат во потесен избор.