За компанијата:
СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје е дел од меѓународната групација Studio Moderna и една од водечките компании за мултиканална продажба на производи за домот, здравјето, удобноста и секојдневниот живот. Со... повеќе за компанијата »
SALES START
Еднонеделна тренинг практична програма со можност за вработување
Немаш искуство? Одлично! Ние имаме 30 години искуство и спремни сме да го пренесеме.
Studio Moderna за прв пат отвора пријави за нова практична програма за сите кои сакаат да научат, да се развиваат и да го направат својот следен професионален чекор.
Ќе учиш од искусни професионалци и ќе имаш можност да:
- Развиеш комуникациски и продажни вештини кои ќе ти користат во секоја професија;
- Научиш како да откриеш што навистина му треба на клиентот – и која е разликата помеѓу услуга и продажба;
- Што значи врвна услуга – како да станеш експерт во услуга и клиентот да го ставиш во центарот на секоја интеракција;
- Која е разликата помеѓу добар и врвен продавач – што прават најдобрите поинаку и како се гради продажен пристап кој носи резултат;
- Како се градат преговарачки вештини
- Како вниманието и интересот што ги создава маркетингот ќе ги пртвориш во конкретна акција на клиентот
- Како изгледа продажбата во реалност – ќе искусиш како функционира продажбата во компанијата со можност да пробаш, да добиеш feedback и повторно да пробаш.
Ова не е само обука!
Ќе имаш можност да учиш од колеги од различни департмани и да запознаеш како функционира еден современ повеќеканален бизнис.
Кој може да се пријави?
Не бараме диплома и искуство! Бараме луѓе кои сакаат да учат, да комуницираат и да пробаат нешто ново. Ако си на почетокот на кариерата, ова може да биде твојата можност.
Како ќе изгледа програмата?
- 📍 Studio Moderna - Костурски Херои, бр.38 - прв кат
- 📅 5 последователни работни дена ≈3 часа дневно, со почеток во 11:00 часот
- 👥 Местата се ограничени за оние кои ќе покажат најголем потенцијал на краткиот разговор
А што потоа?
На крајот ги препознаваме најдобрите. За нив — можност за вработување во нашиот продажен тим.
Заинтересиран/а?
Пријавувањето е отворено до пополнување на групата за првата програма.
👉 Аплицирај тука или прати ни мајл на [најави се за да го видиш е-маилот]
Не чекаме да имаш искуство.
Чекаме да ни покажеш потенцијал.
Слични огласи »