Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.
Нашата мисија е задоволување на барањата и потребите на купувачите во Македонија, бидејќи сме најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници и накит. Во нашето портфолио можете... повеќе за компанијата »
Активни огласи од b watch 1920:
Практикант за Графички Дизајн - Маркетинг Практикант - Aсистент за продажба Скопје Capitol Mall, Vero Jumbo, East Gate, City Mall, K Mall
b watch 1920 како ценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Р.Македонија, има потреба од проширување на својот тим.
Потребни ни се кандидати на возраст од 25 до 35 години кои се докажани експерти во својата област и ги поседуваат неопходните вештини за успешно продолжување на својата кариера во нашиот искусен тим.
Краток опис на работните задачи и одговорности:
Креирање, имплементација и следење на годишен план за менаџирање на човечките ресурси на компанијата.
Развивање на стратегија за човечки ресурси во согласност со целите на компанијата и следење на успешноста.
Следење на светските трендови во сферата на човечките ресурси.
Изработка на договори за работа и следење на истите, пријави и одјави на вработени на компанијата.
Подготовка на документација за изработка на плата.
Пресметка на изработени работни часови на вработените.
Интервјуа со потенцијални кандидати, обука и менторство на новите вработени.
За координирање и за одговорноста за својата работа одговара пред Топ Менаџментот.
Активно водење според моделот plan, do, review.
Потребни квалификации:
Задолжително работно искуство во сферата на човечките ресурси од минимум 1 година.
Пожелно завршено високо образование – Економски Факултет , Филозофски Факултет, Бизнис и администрација
Посветеност и одговорност кон задачите и работата
Флексибилност кон работното време за период кога обврските го наложуваат тоа
Одлично познавање на Англиски јазик
Одлично познавање на Office пакет (задолжително Excel и Word) и Интернет
Желба за понатамошно учење и развој
Совесност , одговорност и самомотивираност
Потребна документација:
CV не постаро од 6 месеци.
Пријавено соодветно образование во агенцијата за вработување.
Останати сертификати од неформално образование би се сметале за предност.
Посета на курсеви и семинари од областа на човечките ресурси би се сметале за предност.
Ние нудиме/ Вие добивате:
Мотивирачка и пријателска средина каде што вредностите и резултатите се важни.
Можност за работа со искусен тим за продажба и уникатна шанса да се научи од експерти во оваа област.
Средина која овозможува на своите вработени да растат паралелно со растот на b watch 1920.
Селекција на пријавените кандидати ќе се изврши од страна на тим експерти во просториите на b watch 1920. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Ве покануваме доколку имате интерес и соодвествувате со опишаниот профил за позицијата и ги исполнувате горенаведените точки, испратете Ваша апликација со професионална биографија најдоцна до 20.01.2021 на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака – “За работна позиција “Асистент за човечки ресурси”.
Останати огласи »
Обуки
пред еден час
пред 2 часа
пред 3 часа
пред 4 часа
пред 5 часа
пред 6 часа
пред еден ден
пред 2 дена
пред 3 дена
пред 4 дена