Плата од 27.500 ден. до 35.000 ден.
Интер-Хем Дооел, Скопје е една од водечките компании во областа на трговија на хемиски суровини и репроматеријали за сите видови на индустрија. Поради константниот пораст на обемот на работа, објавува ОГЛАС за нова работна позиција:
СТРУЧЕН КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Одговорности и задачи:
· Планирање и организирање на продажни и набавни активности;
· Развивање и одржување на односи со клиенти, комуникација со постоечки и потенцијални клиенти;
· Следење на продажбата и набавката и превземање на активности за неjзино проширување
· Извршување на општи административни задачи во контекст на своите работни активности
· Патувања и посета на клиенти низ територијата на Р Македонија
· Следење на активностите на пазарот
Потребни квалификации:
· Oбразование – високо. Хемиски, технолошки или фармацевтски факултет ќе имаат приоритет, но може да се пријават и кандидати од друга област кои имаат познавање и интерес за позицијата.
· Англиски јазик на ниво Б2
· Познавање на работа со компјутер, Microsoft Office пакетот, интернет пребарувачи
· Возачка дозвола Б категорија
Процесот на избор ќе оди во неколку фази, така што само кратка листа на кандидати ќе биде повикана на интервју.
Доколку сте заинтересирани за динамична работа со професионален тим во одлична средина која покрај платата нуди и можност за напредок и бонуси, аплицирајте на огласот со Ваша биографија.