
Infosec Partners е компанија чија примарна дејност е сајбер безбедноста и има долгогодишно искуство во истата. Ние обезбедуваме консултантски услуги, управување со безбедноста, penetration тестови, мониторирање на SIEM платформи, одговор во случај на инциденти и разузнавачки информации за безбедносни закани. Исто така, опслужуваме широк спектар на клиенти од различни индустрии и сме водечки партнери со неколку големи вендори од оваа област.
Доколку сајбер безбедноста е вашата пасија и сакате да соработувате со истомисленици од истата област, Infosec Partners е вистинскиот избор за Вас.
Infosec Partners има потреба од Junior Network Security Engineer.
Вие би работеле како дел од Network Security тимот чија главна дејност е одржување на постоечките безбедносни мрежи.
Ваште задачи ќе бидат:
- Мониторирање платформи и автоматски безбедносни предупредувања и достапност на уредите
- 2nd line support
- Работа на тикети
- Учество во проценка на безбедносните закани за услугите кои ги нудиме
- Разбирање на безбедносните закани со кои се соочуваат нашите клиенти и обезбедување на редовни исражувања и анализи
- Придонес кон континуиран напредок во рамките на компанијата се со цел таа да постигне извонредни резултати во секој технички поглед
Желни сме да разговараме со кандидати што:
- Имаат желба да стекнат искуство како NOC инженери
- Имаат добри тимски и организациски способности
- Одржуваат одлични стандарди во нивната работа и покажуваат висок степен на запазување на детали
- Имаат желба да се сертифицираат во полињата поврзани со NOC (Fortinet NSE 4, Cisco CCNA.)
- Имаат желба за стекнување искуство во полето на компјутерски мрежи и безбедност во компјутерски мрежи.
- Имаат желба за запознавање на различни типови на безбедностни закани и справување со истите
Оваа позиција е одлична можност за да се стекне разновидно и практично искуство во областа на компјутерски мрежи и сајбер безбедност. Доколку сте заинтересирани, аплицирајте веднаш, без двоумење!
Контакт: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »