(преземи го огласот како слика)

„АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна од 1992 година.
Со своето долгогодишно искуство, посветеност и континуиран развој, денес успешно работиме на локации во Куманово и Скопје. Благодарение на успешното работење и зголемениот обем на продажба, нашиот тим континуирано расте.
Нашата визија е да ги препознаеме и задоволиме потребите на сите наши купувачи, вклучително и оние со специфични барања. Постојано инвестираме во развојот и унапредувањето на нашите продажни капацитети, со цел да обезбедиме пријатно и квалитетно искуство за нашите ценети купувачи.
Нашата препознатливост се темели на добрата услуга, квалитетот на производите и професионалниот однос кон купувачите.
Веруваме дека нашите вработени се движечка сила на компанијата. Затоа континуирано вложуваме во развојот на човечките ресурси и создаваме работна средина во која се ценат одговорноста, посветеноста, тимската работа и професионалниот однос.
Тимот на „АЛФИ БИ КОМПАНИ“ е препознатлив по својата учтивост, љубезност, услужливост и пријатниот однос со секој потрошувач.
Поради зголемениот обем на работа имаме потреба од:
Лице за приемно одделение во Скопје
СО ИЛИ БЕЗ РАБОТНО ИСКУСТВО
Потребни квалификации:
- Познавање на работа со компјутер;
- Познавање на административно работење;
- Одговорност и организираност;
- Комуникативност и љубезен однос;
- Подготвеност за тимска работа.
Обезбедуваме:
- Редовни месечни примања;
- Бонуси за успешно работење;
- Потребни услови за работа;
- Позитивна и пријатна работна атмосфера;
- Можност за професионален развој и надградување.
Вашето резиме (CV) доставете ни го на [најави се за да го видиш е-маилот] , со ознака „Лице за приемно одделение“
Можете да нè контактирате и на телефонскиот број 076/448-505, 075/234-732
(од пон-петок во период од 08:30 до 16:30)
Сите кандидати ќе бидат исконтактирани.
Сите апликации се третираат со доверливост.