Пивара Скопје АД лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Менаџер за индиректни набавки - Професионални услуги (м/ж)

За компанијата:

Пивара Скопје АД е една од најстарите и најпрепознатливи компании во Македонија, со традиција што трае повеќе од 100 години. Основана во 1924 година, денес Пивара Скопје е водечки производител на пиво,... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Пивара Скопје АД:

Автоматичар (м/ж) - Возач - Дистрибутер

Менаџер за индиректни набавки – Професионални услуги (м/ж)

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци. Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата. Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

ШТО НУДИМЕ?

  • Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
  • Фит кит – бесплатна месечна членарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности
  • Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
  • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • 24/7 осигурување од незгода
  • Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Управување со сите категории на индиректни набавки од областа на професионални услуги на локално ниво и обезбедување усогласеност со корпоративните политики и процедури за набавки.
  • Водење и спроведување на процеси за стратешко снабдување и избор на добавувачи за доделените категории.
  • Развивање и одржување на силни партнерски односи со добавувачи и управување со договори за обезбедување најдобра вредност за компанијата.
  • Идентификација и реализација на иницијативи за оптимизација на трошоци, подобрување на процеси и создавање дополнителна вредност.
  • Анализа на пазарни трендови, деловни потреби и можности за подобрување на набавните процеси.
  • Управување со договори, каталози и податоци за добавувачи во ERP системите.
  • Обука и поддршка на интерните корисници за правилна примена на набавните процедури и користење на договорите.

ШТО БАРАМЕ:

  • Универзитетска диплома од областа на економија, бизнис администрација или сродна област.
  • Минимум 5–8 години релевантно работно искуство во набавки.
  • Искуство во стратешко снабдување, менаџмент на категории и управување со односи со добавувачи.
  • Искуство во преговарање, управување со договори и реализација на набавни проекти.
  • Искуство во работа во SAP Ariba ќе се смета за предност.
  • Одлични аналитички способности и вештини за носење одлуки базирани на податоци.
  • Развиени комуникациски и преговарачки вештини.
  • Одлични способности за градење партнерства и управување со засегнати страни.
  • Напредно познавање на деловен англиски јазик.

Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај до 03.08.2026!

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »