
За компанијата: Сакам книги е издавачка куќа која го следи трендот на книгите - секогаш со нови и феноменални изданија, преводи на нови книги по многу прифатливи цени.
Издавачката куќа Сакам Книги ја водат неколку едноставни...
повеќе за компанијата »Доколку ги сакате книгите и не можете да замислите да поминете ниту еден ден без нив, ова е идеалната работа за вас. Секојдневна дружба со илјадниците книги на нашите полици и многуте читатели кои ги посетуваат нашите книжарници во потрага по препорака на добра книга, убав книжевен муабет или едноставно прошетка во магичниот свет на книгите.
Потребни квалификации и вештини:
- Добро познавање на книжевното портфолио на Сакам книги и остатокот од издавачите во земјата
- Задолжително напредно познавање и работа со Microsoft Excel
- Работно искуство на иста или слична позиција
- Вештини за продажба и интеракција со купувачи
- Познавање на работа со социјални мрежи (Facebook, Instagram)
- Основно познавање на материјално и финансиско работење
Задачи и одговорности:
- Продажба во книжарница САКАМ КНИГИ во Лептокарија
- Административна работа (креирање и евиденција на фактури и други материјални документи како и дневно/неделно евидентирање на готовинските уплати. Правење нарачки и извештаи за книжарницата итн.)
- Комуникација со соработници и читатели/купувачи
- Дополнителни задачи по барање на претпоставен менаџер
Личен профил:
- Одлични комуникациски способности и професионален однос
- Одговорна, лојална, љубезна личност и тимски играч
- Подготвеност за работа во смени
- Позитивен и проактивен пристап кон работата
- Предност ќе имаат креативни лица со искуство во продажба или издаваштво кои ќе можат да придонесат со нови идеи за унапредување на продажбата и целокупната работа
Избраниот кандидат ќе биде комплетно обучен да ракува со нашиот систем за продажба, како и темелно обучен за сите останати задачи за кои ќе биде задолжен.
Заинтересираните кандидати може да испратат свое резиме и мотивационо писмо на [најави се за да го видиш е-маилот] . Ќе се земат предвид само кандидатите што ги исполнуваат условите.
Огласот е отворен до 31.10.2022.
Слични огласи »