За компанијата: ИЦС ГРУП ДОО - Скопје е фирма , која врши проектирање, продажба и изведба на системи за греење, ладење и вентилација, како и техничко - консултантски услуги. Својата политика и концепција на работа...
повеќе за компанијата »ИЦС ГРУП ДОО - Скопје е водечка приватна компанија во областа на HVAC системите и овластен партнер на светски познатите брендови DAIKIN и CLIVET за Македонија. Повеќе од 16 години успешно нудиме комплетни решенија за проектирање, продажба, монтажа, сервис и одржување на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација, реализирајќи проекти за станбени, деловни и индустриски објекти.
Поради континуиран раст и проширување во делот на инженерингот, имаме потреба од професионална, организирана и технички компетентна личност за работната позицијa:
Машински инженер - Проектен менаџер (со и без работно искуство)
Цел на работното место е: Планирање, организација и контрола на изведбата на HVAC проектите. Координација на активностите со сите вклучени сектори за оптимално задоволување на временските рокови усогласени со клиентот и реализација на проектот според финасиската спецификација.
Квалификации:
- Завршено високо техничко образование - Машински факултет
- Обука за проектен менаџмент е предност
- Пожелно е работно искуство на иста или позиција со слични одговорности, но не е задолжително
Работни задачи и одговорности:
- Разработка на проектите за термотехнички инсталации и опрема за климатизација
- Изработка на план за реализација на проектот, со активности и рокови
- Организација на реализацијата на проектите и координирање на активностите.
Вештини и способности:
- Високо изразени организациски способности
- Планирање и анализа на детали кон формирање план за реализација способност за читање технички цртежи и работа со документација
- Способност за комуникација со луѓе на различни позиции, градење авторитет, лидерски вештини, способност за брзо носење одлуки
- Напредно ниво за работа со компјутер – AutoCAD, Microsoft Office.
Ние нудиме:
- Конкурентни месечни примања
- Работа со најквалитени брендови
- Работна атмосфера каде задоволството на вработените е клучна вредност
- Дополнително приватно здравствено осигурување
- Пакет на бонусирање и наградување според учинок.
- Работно време од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот
Работната позиција е во Скопје.
Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го испратат на следнава e-mail адреса [најави се за да го видиш е-маилот] (со назнака за работно место Машински инженер - Проектен менаџер)
Слични огласи »