
За компанијата:
Пивара Скопје АД е една од најстарите и најпрепознатливи компании во Македонија, со традиција што трае повеќе од 100 години. Основана во 1924 година, денес Пивара Скопје е водечки производител на пиво,... повеќе за компанијата »
КОИ СМЕ НИЕ
Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.
Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.
Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат.
ШТО НУДИМЕ?
- Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации
- Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
- Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
- Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
- Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
- Флексибилност во организирање на работното време
- 24/7 осигурување од незгода
ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Воведување и унапредување на „Lean“ практики за поголема ефикасност.
- Развивање визуелен менаџмент и стандарди за подобра организација и следенње на резултатите.
- Водење континуирани подобрувања и имплементација на најдобри производствени практики.
- Обезбедување поддршка на Операторите во производство, за правилно разбирање и примена на процедурите и работните инструкции.
- Анализа и подобрување на КБИ индикатори (ефикасност, квалитет, безбедност)
- Развивање на технички и меки вештини на вработените, преку интерни програми за унапредување во соработка со тимот за Развој на вештини..
- Меѓусекторска соработка и учество во проекти.
ШТО БАРАМЕ:
- Минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција
- Универзитетска диплома од технолошки, машински или електротехнички факултет.
- Претходно искуство во Supply Chain област (производство, одржување, квалитет или логистика).
- Високо развиени организациски вештини и проактивен пристап кон работата
- Одлично познавање на Microsoft Office алатки (Word, Excel, PowerPoint)
- Одлично познавање на англиски јазик
Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 24.03.2026г.
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Слични огласи »