Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.
Alfa Rent, as part of Alfa Prips Group, offers a variety of vehicles available for short and long-term rent in our offices at the airports in Skopje and in Ohrid, as well as in Bitola downtown. As our... повеќе за компанијата »
Активни огласи од АЛФА ПРИПС ДООЕЛ:
Оператор за возен парк – Скопје Аеродром
Алфа Рент а Кар има потреба од одговорна личност која ќе се приклучи на нашиот оперативен тим во Скопје на позиција Оператор за возен парк.
Позицијата е динамична и вклучува секојдневна работа со возила, нивна подготовка, проверка и организација според дневните резервации.
Потребни квалификации:
Возачка дозвола Б категорија;
Одговорност, точност и дисциплина;
Внимание на детали;
Способност за следење работни процедури;
Способност за работа во тим;
Подготвеност за динамична работа со возила.
Краток опис на работата:
Носење возила на перална, сервис, регистрација или паркинг;
Проверка дали возилата се чисти надвор и внатре;
Проверка на гориво, документи, клучеви и потребна опрема;
Основна проверка на состојбата на возилата пред издавање;
Организација и движење на возила според дневните резервации;
Пријавување видливи оштетувања или технички проблеми;
Одржување ред и организација во паркинг просторот.
Работно време:
Работа во смени:
Прва смена: 08:00 – 16:00
Втора смена: 12:00 – 20:00
Нудиме:
Стабилна работа во професионална компанија;
Јасни работни процедури;
Динамична работа со возила;
Пријатна работна атмосфера;
Можност за напредок во рамки на компанијата.
Локација: Скопје Аеродром
Доколку сте заинтересирани, испратете CV со назнака „Оператор за возен парк – Скопје“ на следната е-адреса:
[најави се за да го видиш е-маилот]
Ви благодариме на интересот.
Слични огласи »
Обуки
пред 3 часа
пред 4 часа
пред 5 часа
пред 6 часа
пред 7 часа
пред еден ден
пред 2 дена
пред 3 дена
пред 4 дена