Double Tree by Hilton Skopje лого

Пецивар/ка

За компанијата:

DoubleTree by Hilton Skopje е модерен хотел со 5 ѕвезди, сместен покрај реката Вардар, на само неколку минути од центарот на градот. Познат е по својот елегантен дизајн, врвна услуга и уникатно гостопримство... повеќе за компанијата »

Во Хилтон веруваме дека угостителството не е само професија. Тоа е патување кое води до личен развој, раст и откривање на разни заедници и култури. Нашиот тим го сочинуваат извонредни професионалци кои заедно работат да овозможат исклучителни искуства за секој наш гостин.

По патот на кој поставуваме стандарди во хотелиерството, нашата визија „да го згрееме светот со топлината на гостопримството“ постојано не мотивира. Ние нудиме многу повеќе од соба за ноќевање.

Ние создаваме незаборавни искуства за нашите гости, значајни можности за нашите вработени и позитивно влијаеме во заедницата од која сме дел.

Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворена позиција за Вас.
DoubleTree by Hilton Skopje врaботува:

Пецивар/ка

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено средно образование
  • Претходно работно искуство во угостителски објекти како пекар/пецивар/ка
  • Креативност и умешност за декорација

ЛИЧЕН ПРОФИЛ:

  • Вредна и енергична личност
  • Самоиницијативност и посветеност на работата
  • Способност за тимска работа и работа под притисок​

Вашата професионална биографија (CV) можете да ја испратите на следната адреса -   [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »