СТРУЧНИ БИЗНИС ОБУКИ - 10 - 11ти ДЕКЕМВРИ
Обука 1- ЕФЕКТИВНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА
Обука 2- ПРОДАЖНИ ТЕХНИКИ И ВЕШТИНИ
Без изговори, до целта!
Научи да победуваш, без никој да губи!
Обука 1
ЕФЕКТИВНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА
10 - 11 декември
*Зошто и како успешните секогаш наоѓаат начин и пат за достигнување на целите
*Како да победувате и остварувате без да создавате непријатели и како да преговарате и успевате а при тоа секој да е задоволен
*Како да комуницирате за да воспоставите одлични односи со вашиот тим, клиенти, соработници, претпоставени, подредени или блиски
Наменета за:
• Вработени лица во било кој сектор и на било кое хиерархиско ниво
• Претприемачи, менаџери, говорници, лица кои имаат јавна професија или се дел од медиум, лица кои се занимаваат со туризам и други услужни дејности, лица чие секојдневие вклучува контакти со луѓе од разни сфери
• Невработени лица пред старт на својата кариера и млади луѓе чија цел е да влезат во работен однос и да изградат успешна кариера
• Лица кои сакаат да направат промена на работна позиција, компанија или кои сакаат да научат како до посакуваното унапредување
• Секој кој сака да ги подобри своите комуникациски вештини на повисоко ниво, сака да работи на себе и е свесен дека вештата комуникација е клуч за успехот.
Погледнете ја програмата и придобивките на следниов линк:
http://www.tc-eva.com/communication-skills.shtml
Обука 2
ПРОДАЖНИ ТЕХНИКИ И ВЕШТИНИ
10 - 11 декември
*Како значително да ја зголемите продажбата на вашите производи/услуги и да го скратите продажниот циклус
*Како правилно да ги анализирате потребите на купувачите, нивниот профил, приоритети и мотиви
*Како до база на лојални и задоволни купувачи и како да создадете дополнителна вредност за нив
*Како да ги надминете бариерите во продажбата, како да се справите со “тешки” купувачи
*Како успешно да преговарате, убедувате, влијаете и како да затворите продажба
Наменета за:
• Продажни агенти
• Супервизори на продажба
• Раководители на продажба
• Посредници во продажба
• Невработени лица и/или студенти кои имаат потенцијал и желба за кариера во продажба
• Независни продавачи
Погледнете ја програмата и придобивките од обуката на следниов линк:
http://www.tc-eva.com/selling-skils.shtm
Обуките ги води Митко Керамитчиев (MBA), бизнис консултант и тренер за бројни деловни вештини со потесна специјализација во деловна комуникација, продажба, услуга и дистрибуција.
Wrigley, Allied Domecq, Colgate-Palmolive, Johnson&Johnson, Dr. Oetker, Johnson Wax, Hipp, Nestle.,AWT International, Alma-M итн. се дел од организациите за кои Керамитчиев работел или соработувал. Како тренер, со близу 600 семинари, работилници, предавања, презентации и консултантски сесии одржани во Македонија и во регионот, Керамитчиев соработувал со бројни компании од речиси сите деловни сектори: банкарство, енергетика, осигурување, градежништво, транспорт, рударство, спорт, автомобилска индустрија, производство на различни стоки и репро-материјали, дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, информатика и комуникација, фармација, тутунска индустрија, угостителство.
За рано пријавување до 2-ри декември - 10% попуст.
За двајца колеги или членови од исто семејство - додатни 5% попуст за секој пријавен.
За компании и групно учество - 15% попуст.
Цената на секоја обука вклучува наставни матгеријали, кафе паузи, ручек и сертификат.
Траење на двете викенд обуки: два дена од 10:00 - 18:00, вкупно 12 часа од 60 минути
Ваш,
Центар за обука ЕВА
Доколку сакате да аплицирате, креирајте сметка на KARIERA.mk и кликнете Аплицирај!