ПЗУ Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ – Скопје, за потребите на работниот процес, објавува оглас за работно место:
Стоматолошка медицинска сестра
Потребни квалификации:
- Завршено средно медицинско училиште – стоматолошка насока.
- Познавање на MS Office програмите.
- Претходно работно искуство во стоматолошка ординација ќе се смета за предност, но не е задолжително.
Вештини и способности:
- Висок степен на лична организираност и одговорност.
- Способност за ефективно менаџирање со времето и поставување приоритети.
- Способност за тимска работа и соработка со стоматолози и други здравствени професионалци.
- Развиени комуникациски и интерперсонални вештини.
- Љубезен и професионален однос кон пациентите.
- Познавање и примена на правилата за хигиена, стерилизација и дезинфекција на стоматолошкиот инструментариум и работниот простор.
- Способност за работа во динамична работна средина.
- Флексибилност и адаптибилност на нови ситуации и работни задачи.
- Мотивираност за постојано учење и професионално усовршување.
Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ – Скопје нуди одлични услови за работа, можност за професионален развој и работа во високо професионална и мотивирачка работна атмосфера.
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу.