NATURA THERAPY ВРАБОТУВА!
МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК
Дали имаш искуство во фармацевтскиот сектор, одлични комуникациски вештини и желба за професионален развој?
NATURA THERAPY го проширува својот тим и бара амбициозна, одговорна и проактивна личност за работната позиција Медицински претставник.
Работни задачи:
- Презентација и промоција на производите од портфолиото на компанијата.
- Редовни посети и професионална комуникација со лекари, фармацевти и здравствени установи.
- Градење и одржување долгорочни професионални односи.
- Редовни медиумски настапи за промоција и презентација на производите и разговори на одбрани здравствени теми!
- Следење на пазарот и конкуренцијата.
- Деловна ориентираност, брзо идентификување и предвидување на нови можности за развој
- Реализација на поставените цели и подготовка на извештаи за работните активности.
Потребни квалификации:
- Задолжително претходно работно искуство на иста или слична работна позиција.
- Завршено високо образование од областа на медицината, фармацијата или сродни области.
- Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини.
- Сигурност во јавен настап и способност за професионално претставување пред медиуми.
- Самоиницијативност, организираност и ориентираност кон резултати.
- Способност за самостојна работа и тимска соработка.
Што нудиме?
- Конкурентна плата, соодветна на квалификациите и искуството.
- Можност за професионален развој и напредување.
- Професионална и динамична работна средина.
- Поддршка и континуирана едукација.
📩 Како да аплицирате?
Доколку ги исполнувате наведените услови и сакате да станете дел од тимот на Natura Therapy, испратете го вашето CV на: [најави се за да го видиш е-маилот] или кликнете на полето "Аплицирај ''
Ве очекуваме во тимот на Натура Терапи!