Плата од 50.000 ден.
(преземи го огласот во Word)
Providens е регионална фармацевтска компанија во подем, основана пред 30 години, со портфолио на иновативни лекови, вклучувајќи производи од областите на пулмологијата, специјализираната здравствена заштита и ретките болести. Работиме во Северна Македонија од 2009 година, а во рамките на понатамошниот развој на нашето работење на овој пазар, бараме искусна и мотивирана личност за позицијата:
Providens d.o.o. Zagreb – Претставништво во Македонија, Скопје
Објавува оглас за вработување
Providens е регионална фармацевтска компанија во подем, основана пред 30 години, со портфолио на иновативни лекови, вклучувајќи производи од областите на пулмологијата, специјализираната здравствена заштита и ретките болести. Работиме во Северна Македонија од 2009 година, а во рамките на понатамошниот развој на нашето работење на овој пазар, бараме искусна и мотивирана личност за позицијата:
Стручен соработник / Medical Representative
Доколку сте мотивирани, амбициозни и сакате професионален развој во фармацевтската индустрија, ве покануваме да станете дел од тимот на Providens d.o.o. Zagreb – Претставништво во Македонија, Скопје.
Бараме стручен соработник кој ќе биде одговорен за промоција на производите од портфолиото на компанијата, развивање и одржување професионални односи со здравствени работници, како и активно учество во развојот на нови проекти и реализацијата на стратешките цели на компанијата.
Работното место опфаќа комбинација од теренска работа, канцелариски активности и активно учество во организација на стручни настани, market research и market access.
Работни обврски
- Стручна промоција на производите од портфолиото на компанијата пред лекари, фармацевти и други здравствени работници.
- Планирање, организација и реализација на теренски посети.
- Развивање и одржување долгорочни професионални односи со здравствени работници и здравствени установи.
- Организација и активно учество на стручни состаноци, едукативни настани, симпозиуми и конгреси.
- Подготовка на извештаи и административна поддршка поврзана со работните процеси.
- Спроведување market research и анализа на пазарот за нови производи и нови деловни можности.
- Учество во активности поврзани со market access и воведување на нови производи на македонскиот пазар.
- Активна соработка со локалниот и регионалниот тим.
- Комбинирана работа на терен и во канцеларија.
Потребни квалификации
- Магистер по фармација или доктор по медицина.
- Сертификат за завршена обука за фармаковигиланца.
- Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини.
- Добри организациски способности и самостојност во работата.
- Проактивност, одговорност и ориентираност кон резултати.
- Активно познавање на англиски јазик.
- Познавање на MS Office пакетот.
- Возачка дозвола – Б категорија, активен возач.
- Подготвеност за службени патувања низ Македонија и во странство.
Ќе се смета за предност
- Претходно работно искуство во фармацевтската индустрија.
- Познавање на market access и постапките за пласирање на нови производи.
- Искуство во market research и анализа на фармацевтскиот пазар.
- Искуство во организација на стручни настани и работа со здравствени работници.
Ние нудиме
- Работа во успешна и стабилна меѓународна фармацевтска компанија.
- Пријатна, професионална и динамична работна средина.
- Работа во мал, посветен и мотивиран тим.
- Континуирана едукација и можност за професионален и кариерен развој.
- Учество на домашни и меѓународни конгреси, симпозиуми и едукативни настани.
- Можност за работа на интересни и иновативни проекти.
- Конкурентен пакет на примања, согласно знаењето, искуството и резултатите.
- Службено возило, лаптоп и мобилен телефон за извршување на работните обврски.
Начин на аплицирање
Доколку се препознавате во овој оглас и сакате да станете дел од тимот на Providens d.o.o. Zagreb – Претставништво во Македонија, Скопје, испратете ја Вашата биографија (CV) и мотивационо писмо на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.