

Авицена Лабораторија, сертифицирана и акредитирана лабораторија согласно стандардот MKC EN ISO 15189:2022,објавува
ОГЛАС
за работното место
Хигиеничар
Опис на работната позиција:
Хигиеничарот е одговорен за одржување на високо ниво на хигиена во деловниот простор на работодавачот.
Потребни квалификации и вештини:
- Завршено средно образование
- Работно искуство како хигиеничар ќе се смета за предност
- Посветеност и високо ниво на доверливост и етика
Работни одговорности:
- Ги чисти и одржува просториите кај работодавачот;
- Води редовна и навремена евиденција за извршеното чистење;
- Одговорен е за навремено планирање и пријава на потреба од набавка на опрема и средства за хигиена;
- Одговорен е за планирање и пријава на потреба од набавка на прехрамбени производи и пијалоци согласно тековните потреби на работодавачот;
- Врши други работни задачи како дел од работниот процес значајни за компанијата како и други работни задачи по налог на работодавачот во делокругот на работењето.
Услови за работа:
- Работа во стабилна и организирана работна средина
- Работна околина според највисоки хигиенски и безбедносни стандарди;
- Можност за долгорочен ангажман и професионална стабилност
- Поддршка од тимот и позитивна работна атмосфера
Работно време од 40 часа неделно, согласно интерната организација и работното време на компанијата.
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “за оглас за Хигиеничар” или на бул. ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 5 (пет) работни дена, односно најдоцна до 28.05.2026 година.
Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од :
- доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 45 дена,
- од 201 до 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 90 дена и
- над 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Напомена: ПЗУ Авицена лабораторија Скопје сите апликации за вработување ќе ги третира како строго доверливи. Согласно Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на регрутација и селекција на кадри во компанијата, кое гарантира дека освен за наведената цел Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел, ниту пак достапни на трети лица и воедно напоменуваме дека сите апликации ќе бидат чувани 6 месеци, сметано од денот на нивниот прием, освен во случај кога апликанотот писмено ќе побара истите да бидат избришани пред истек на утврдениот рок.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Слични огласи »