
За компанијата: ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 91 аеродром во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Аеродроми е дел од...
повеќе за компанијата »Ако сакате да станете дел од семејството на ТАВ аеродроми кое е интернационално распространетo, ако сте спремни да се соочите со предизвиците на аеродромскиот сообраќај, да учите од професионалци во своите области, да се здобиете со сертифицирани дипломи во авионската индустрија и секако да напредувате во својата област, прочитајте понатаму...
ТАВ Македонија, Аеродром Св. Апостол Павле - Охрид како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата:
ЛЕКАР
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ
- Врши медицинско обезбедување на полетно-слетните операции:
- Укажување на итна медицинска помош
- Укажување стручна медицинска помош на заболени или повредени патници/членови на посади и останати лица на Аеродромот
- Учествува во изработка на медицинскиот дел од Аеродромот и неговата координација и имплементација како и проценка за одобрување или ограничување патување на одредени категории патници со цел да се заштити нивното здравје односно да не дојде до понатамошно влошување на истото.
- Учествува во превенција и контрола на карантински заболувања
- Oрганизира транспорт од и до воздухопловот на акутно заболени патници, MEDA и стречери, како и на хендикепирани патници од категоријата WCHC, WCHS и WCHR, но само доколку нивната хендикепираност е резултат на акутно заболување или повреда која побарува медицинска помош и по потреба упатува заболени лица (или патници) до соодветни здравствени установи
- Ги следи достигнувањата од областа на медицината (особено воздухопловната) и нивна примена во секојдневната пракса
- Извршува активности на инструктор во рамките на својата област како подршка на Центарот за обука
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Високо образование – Медицински факултет
- Работна лиценца од ЛКМ (Лекарска Комора на Македонија)
- Сертификат за познавање на Англиски јазик - мин. ниво Б1
- Најмалку 4 години работно искуство
- Организациски вештини и тимска работа
Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: ОХРИД
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Во очекување сме на Вашите апликации!
Слични огласи »