(преземи го огласот како PDF)
РОЈАЛ Васе ДООЕЛ има потреба од вработување на:
ЕКОНОМИСТ – со мин.завршено ССС – економски техничар
Локација на работното место: Скопје, Кисела Вода
Вработениот на ова работно место ќе ги извршува следните работни задачи:
- Сметководствена евиденција на фактури,сметки
- Комуникација со клиенти, плаќање на сметки во банка
- Креирање документи во Word/Excel
- Прием на писма/пратки/фактури,сметки
- Архивирање и документирање на интерни/екстерни нарачки, документи и фактури
- Носење документи по институции
- Тековни дневни обврски
Потребни квалификации:
- Завршено мин.средно економско образование – ССС, ќе се разгледуваат и кандидати со ВСС, дипломиран економист
- Добро познавање на MS Office(Word/Excel), Интернет
- Активен возач Б категорија
- Основно познавање од извршување на сметководствени работи и контирање
Наведените квалификации се потребни за извршување на работните задачи, и се основа за надоградба на практичното знаење на работникот, па се молат, само кандидатите кои ги поседуваат потребните квалификации, да испратат кратка биографија.
Работникот ќе има можност да научи и да се стекне со практично знаење од комплетно административно работење, книговодствено работење, даночниот систем, функционирањето на институциите.
Важна напомена: при испраќање на кратка биографија, да се напишат неколку реченици за тоа, кои се најголемите предности на кандидатот.
Почетна плата 16.000 денари.
Се молат заинтересираните кандидати да испратат кратка биографија на македонски јазик со ознака ЕКОНОМИСТ на следниот е-маил [најави се за да го видиш е-маилот]