
За компанијата: СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, е овластен сервис на апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, со развиена професионална сервисна мрежа низ целата земја.
повеќе за компанијата »СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, е овластен сервис на апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, со развиена професионална сервисна мрежа низ целата земја. Поради проширување и зајакнување на тимот, вработуваме:
ПОМОШНИК МОНТАЖЕР НА КЛИМА УРЕДИ
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование (електротехничка или техничка насока – предност, но не е задолжително)
- Возачка дозвола Б категорија
- Пожелно основно искуство со монтажа или сервис на техничка опрема (клима уреди – предност)
- Способност за работа со рачен алат и подготвеност за работа со струја
- Изразена желба за учење и напредување во струката
- Одговорност, систематичност и организираност
- Тимска работа и флексибилност во извршување на задачи
- Подготвеност за работа на висина
- Основно познавање работа со компјутер
Одговорности и работни задачи:
- Асистенција при инсталација и монтажа на клима уреди
- Поддршка при подготовка на материјали, држачи и опрема за монтажа
- Помош при поставување на надворешни и внатрешни единици
- Асистирање при тестирање на опремата по инсталација
- Следење на безбедносни процедури и упатства
- Помош при идентификување основни проблеми и нивно решавање под надзор
- Одржување и правилно ракување со алати и опрема
- Поддршка при водење евиденции за извршени теренски интервенции
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во амбициозен и професионален тим
- Можност за напредување до монтажер
- Континуирана обука и менторство
- Работно време: 08:00 – 16:00
- Дополнителен бонус за надминување на поставените таргети
Доколку сте заинтересирани за позицијата, испратете кратка биографија преку полето за аплицирање.
Огласот е активен до 15.03.2026
Слични огласи »