Доорс Импекс Дооел лого

Менџер за продажба

Плата од 45.000 ден. до 70.000 ден.

За компанијата:

Доорс Импекс ДООЕЛ, со седиште гр. Скопје врши продажба и монтажа на гаражни и противпожарни врати, специјални врати, автоматизација за гаражни и метални врати, бариери и додатоци за нив, како и индустриски производи, и тоа сегментни врати, хидраулични товарни рампи и мостови, брзи врати.

повеќе за компанијата »

МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА (Гаражни, ПП врати, автоматики)
Локација: Скопје
Работно време: полно работно време


ЗА  ДООРС ИМПЕКС ДООЕЛ

Ние сме компанија за набавка и монтажа и сервис на сите видови на гаражни и противпожарни врати и автоматизација, ориентирана кон квалитет, јасни процеси и долгорочни односи со клиенти. Не се натпреваруваме со „најефтините“, туку градиме систем кој овозможува стабилен раст, професионална продажба и јасна соработка меѓу маркетинг, продажба и набавка.

Поради раст на компанијата, бараме искусен Менаџер за продажба кој ќе ја преземе одговорноста за целиот продажен процес – од потенцијален клиент до потпишан договор.


ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА

Како Менаџер за продажба, ќе бидете одговорен за:

  • управување и оптимизација на целиот продажен процес
  • управување со продажниот тим (комерцијалисти)
  • координација помеѓу продажба, набавка и оператива (монтажа)
  • затворање на профитабилни и одржливи договори
  • воведување систем, контрола и дисциплина во продажниот тим

Ова не е класична продавачка позиција, туку менаџерска улога со јасни KPI и бонус систем.


КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Контакт и квалификација на потенцијални клиенти (лидови)
  • Водење состаноци со клиенти (во салон / на терен)
  • Разбирање на потребите на клиентите и избор на соодветно решение (гаражни, индустриски или ПП врати, автоматика)
  • Координација со набавка и монтажа за техничка изводливост
  • Подготовка и презентација на понуди и преговарање
  • Затворање договори и предавање на проектот кон оператива
  • Ажурирање и одржување на CRM систем (Trello / Airtable)
  • Следење KPI и месечно известување

ШТО ОЧЕКУВАМЕ ОД ВАС

  • Искуство во продажба минимум 3г. (предност: градежништво, техничка опрема, инженерство, автоматика или слична индустрија)
  • Способност да водиш разговор со премиум клиенти
  • Организираност и дисциплина
  • Разбирање на бројки, цели и резултати
  • Комуникациски вештини и одговорност
  • Подготвеност да работиш по систем, не импровизација

ШТО НЕ Е ОВАА ПОЗИЦИЈА

- Брза продажба без структура
- Импровизирање и ветување невозможни рокови
- Работа без CRM, KPI и отчетност


ШТО  НУДИМЕ

  • Фиксна плата + јасен бонус систем врзан за резултати
  • Работа во фирма со поставени процеси и поддршка од тим
  • Директна соработка со сопственик / менаџмент
  • Јасни очекувања и фер правила

ЗА КОГО Е ОВАА ПОЗИЦИЈА

✔ За луѓе што сакаат ред, бројки и одговорност
✔ За професионалци што сакаат да заработуваат според резултат
✔ За оние што сакаат да градат систем, не само да продаваат


АПЛИЦИРАЊЕ

Испратете  CV и неколку реченици зошто мислите дека сте вистинската личност за оваа улога на: i.lickov@doorsimpeks.mk

Ќе ги разгледаме сите апликации, а ќе контактираме со кандидатите кои најмногу одговараат на позицијата.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »