Енергетските и инженерските проекти бараат сигурни набавки. Затоа нашиот клиент, компанија што години наназад гради и испорачува технички решенија во земјата и странство за производство на индустриски машини и технологии за еколошко и урбано чистење, бара раководител што ќе ја води оваа клучна функција:
ДИРЕКТОР НА НАБАВКИ
Бараме лидер со стратешки поглед и практичен пристап, кој ќе го води целиот процес на набавки, ќе обезбеди поволни комерцијални услови и навремени испораки и ќе ги поддржи проектите на компанијата од планирање до реализација.
Локација: Велес
Главни задачи и одговорности:
- Креирање стратегија за набавки и управување со целокупниот процес на набавки во компанијата.
- Следење на домашниот и меѓународниот пазар, наоѓање нови добавувачи и градење долгорочни партнерства.
- Преговори за цени, рокови на плаќање, квалитет и рокови на испорака.
- Намалување на трошоците и унапредување на процесите на набавка.
- Планирање на набавките според динамиката и фазите на проектите.
- Обезбедување навремена достапност на материјали и опрема за непречена реализација на проектите.
- Координација на транспортот, испораките и логистиката.
- Водење, мотивирање и развој на тимот за набавки.
- Блиска соработка со раководството, техничките сектори и проектните тимови.
- Оценување и следење на добавувачите според квалитет, цена и сигурност во испораките.
Потребни квалификации и искуство:
- Повеќегодишно искуство во набавки, вклучително и раководење со тим и процеси.
- Искуство во набавки за енергетски, инженерски, индустриски или технички проекти.
- Докажани преговарачки вештини и резултати во намалување на трошоците.
- Познавање на планирањето, логистиката и управувањето со рокови на испорака.
- Одлични аналитички, организациски и комуникациски способности.
- Активно познавање на англиски јазик.
- Подготвеност за директна комуникација со партнери и повремени службени патувања.
Предност ќе имаат кандидатите со:
- Високо образование од техничка, инженерска или економска област.
- Искуство во набавки за проекти од обновливи извори на енергија (фотонапонски централи, батериски системи).
- Познавање на други странски јазици.
- Искуство со ERP системи.
Лични компетенции
- Проактивност, иницијативност и ориентираност кон резултати.
- Лидерски способности и самостојност во донесувањето одлуки.
- Истрајност, одлучност и силни преговарачки вештини.
- Брзо решавање проблеми во динамична средина.
- Професионален интегритет, висока одговорност и стратешко размислување со практичен пристап.
Компанијата нуди
- Директна соработка со највисокото раководство и учество во деловните одлуки.
- Самостојност во водењето на секторот.
- Конкурентни примања според искуството и квалификациите како и годишен бонус според постигнатите резултати.
- Службен телефон и возило за службени потреби.
- Можности за обуки и професионален развој.
Начин на аплицирање
Доколку сте подготвени за нов професионален предизвик, доставете ја вашата биографија преку огласот.
Ќе бидат контактирани само кандидатите што ќе влезат во потесен избор. Сите апликации се третираат со строга доверливост.