ЛИОН ДОО Свети Николе лого

Оператор на WMS уред во Магацин

За компанијата: ЛЕОНА од Свети Николе е успешна компанија која произведува квалитетни кондиторски производи. ЛЕОНА го започна производството на чоколадо и чоколаден крем за подоцна да го прошири производството на бисквити... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ЛИОН ДОО Свети Николе:

Оператор во производство - Магационер

(преземи го огласот како слика)

ВРАБОТУВАМЕ: Оператор на WMS уред во Магацин

Во срцето на Свети Николе, од 1998 година, ЛИОН создава слатки задоволства кои освојуваат срца ширум светот. Нашите производи – чоколади, кремови, штрудли и вафли – се присутни на речиси сите континенти. Континуираната иновативност, врвниот квалитет и безбедноста на храната се темелите на нашиот успех.

Со цел задржување на квалитетот на работењето во нашата компанија потребно ни е лице кое што ќе биде алка помеѓу магацинот и производството - Оператор на WMS уред во Магацин.

Што нудиме?
- Конкурентна плата согласно искуството и компетенциите
- Работа во стабилна и развојно ориентирана производствена средина
- Континуирани стручни обуки и можности за професионален развој
- Пакет бенефиции ЛИОН
- Поддршка, тимска култура и можност да бидете дел од ТИМОТ на ЛИОН

 

Што бараме?
- Прецизност, аналитичност и систематичен пристап во работењето
- Високо чувство за одговорност
- Способност за меѓусекторска соработка
- Проактивност и ориентираност кон решавање проблеми
- Тимски дух и флексибилност

 

Вашите работни задачи особено ќе вклучуваат:
- Дигитално евидентирање и позиционирање во магацин со WMS систем
- Скенирање и припрема на роба со апаратче
- Издавање на роба со апаратче
- Контролни проверки и интерни пописи во магацин
- Работа по ФИФО стандарди и компаниски процедури


Добредојдени се и лица без претходно релевантно работно искуство за кои компанијата би овозможила соодветна обука и поддршка за извршување на работната позиција.

 

Придружете се на нашиот тим!

 

Доколку сакате да бидете дел од приказната на ЛИОН – Свети Николе, испратете го Вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] или аплицирајте преку полето АПЛИЦИРАЈ.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »