Сметководител на плати
Бараме солист за нашиот финансиски оркестар во одделот за плати.
Значи, бараме искусен сметководител за плати кој ќе може маестрално да свири соло делови и во исто време одлично да се вклопи во добро координираниот оркестар на нашите соработници.
Нашите аудиториуми се дом на бројни реномирани меѓународни компании и настапуваме на различни сцени, од барани меѓународни сцени до мали локални сали. Секогаш настапуваме со иста страст. Нашите редовни за тренинзи ни помагаат да останеме во топ форма, а ако ни се придружите, брзо ќе ве запознаеме со нашиот репертоар. Доколку сте навикнати на соло изведби, би сакале да не контактирате.
Пред нас се бројни големи тури.
ЗА НАС
Унија Смарт Акаунтинг е меѓународна сметководствена компанија која е дел од водечката светска ETL мрежа. Нудиме висококвалитетни услуги во областа на сметководство, советување и напредни ИТ решенија. Нашите клиенти се водечките меѓународни и домашни компании кои имаат потреба од врвна и сигурна поддршка. Нашите колеги се водечки стручњаци во своите области, а редовната и систематска едукација гарантира дека тоа така и ќе остане. Нашата амбиција е да обезбедиме инспиративна работна средина и висока бизнис култура.
РАБОТНО МЕСТО
Како сметководител за плати, ќе се грижите за пресметка на платите за нашите клиенти и ќе ги советувате при наоѓањето на оптимални решенија.
Вашата работа ќе вклучува и:
- Подготовка и пресметка на платите за клиенти во согласност со локалното законодавство;
- Управување со документација и извештаи поврзани со платите;
- Комуникација со релевантни институции и органи.
БЕНЕФИТИ
Како вработени во Унија група, имаме бројни поволности кои ни овозможуваат да напредуваме во професионален и личен контекст. На тој начин можеме подобро да се грижиме за квалитетот, односите се многу подобри, а работата едноставно попријатна. На сите вработени им нудиме:
- Индивидуален годишен буџет за едукација;
- Систематска грижа за можностите за професионален развој и напредување;
- Можност за избор на хибриден модел на работа (2 дена во канцеларија, 3 дена на далечина);
- Можност за работа од дома (1 ден) за сите кои нема да го изберат хибридниот модел на работа;
- Скратено работно време во петок;
- Повремено можете да работите во било која единица на Унија во регионот, од Љубљана и Загреб, до Сараево, Белград и Подгорица, па дури и во Тиват и Задар.
ПОСЕБНИ ПОВОЛНОСТИ НА ВАШЕТО РАБОТНО МЕСТО
- Варјабилно наградување;
- Флексибилно работно време.
ШТО ОЧЕКУВАМЕ
- Најмалку 2 години релевантно искуство во пресметка на плати;
- Добро познавање на локалните прописи и процедури во врска со платите;
- Активно познавање на англиски или германски јазик е предност;
- Искусво со Pantheon или слични сметководствени програми е предност.
ЛОКАЦИЈА: ул. 8. Ударна Бригада, бр. 39, Центар Скопје.
ПРИЈАВА
Доколку сметате дека улогата на сметководител за плати е интересен предизвик во вашата кариера и сакате да работите со нас, ве покануваме да ни го испратите вашиот CV на е-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот]