Потребни квалификации и способности:
- Одлично владеење на англиски јазик (усно и писмено)
- Активна возачка дозвола Б категорија со најмалку 2 години активно возење
- Солидни компјутерски вештини за користење деловни апликации
- Силни комуникациски и организациски способности
- Способност за ефикасна тимска работа
- Познавање на турски или албански ќе се смета за предност
- Претходно искуство на слична позиција ќе се земе за предност
Главни одговорности и задачи:
- Издавање и прием на возила според интерни процедури
- Детална проверка на техничка исправност пред предавање на возило
- Подготовка на договори, понуди и процесирање на плаќања
- Директна комуникација со клиенти и координација со партнери
- Внесување и ажурирање на резервации во системот
- Организација на технички прегледи, регистрација и административни активности
Што нудиме:
- Договор на определено со можност на неопределено
- Можност за професионален развој и напредување во компанијата
- Организиран превоз до работното место
- Месечни бонуси врз основа на резултати
- Подготвеност за работа во смени и викенд според распоред ( еден викенд работен , еден се одмара)
Ако се гледаш себеси во оваа улога и сакаш да бидеш дел од динамичен тим, испрати ја твојата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] .
Ние веруваме во талентот и енергијата на луѓето – затоа аплицирај и покажи ни што можеш! Само најсоодветните кандидати ќе бидат контактирани за следниот чекор.