
За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична...
повеќе за компанијата »ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.
Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:
Самостоен соработник за финансии
- Изготвува редовни извештаи за финансиското работење на Друштвото,
- Учествува во пресметување на коефициентот на ликвидност на дневна база;
- Врши пресметка на плати и други надоместоци на вработените, надоместоци на органи на Друштвото, надоместоци за други надворешни лица
- Врши контрола на финансиските трансакции на дневна основа;
- Врши анализа на трошоци и се грижи за почитување на одобрениот буџет од страна на Друштвото
- Учествува во изготвување на процеси и процедури од областа на финансиско работење;
- Го следи процесот на вложување на финансиските средства;
- Учествува во изготвување на месечни, квартални и годишни даночни пријави;
- Подготвува налози за исплата, денарски и девизни (фактури,провизии судски такси , плати);
- Доставува налози за исплата во банка и грижа за нивно точно и навремено извршување;
- Изготвува финансиски анализи од месечната активност, вклучително споредбено со изминати периоди, варијации и на буџети и сл.
- Го следи процесот на управување со готовина, плаќања, побарувања и наплата;
- Врши анализа на трошоци по организациони единици и подружници и по потреба предлага мерки за нивно намалување;
- Учествува во релизирање на обврските на Друштвото кон Агенцијата за супервизија на осигурување и други институции определени со Закон;
- Учествува во усогласување на финансиското работење на Друштвото со применливата даночна регулатива;
- Врши и други работи по барање на претпоставени лица.
Потребни квалификации и карактеристики:
- Завршено високо образование VII/1 степен;
- Работно искуство на иста или слична работна позиција 3 (три) години;
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик. Познавањето на Турски или Албански јазик се смета за предност;
- Напредно користење на MS Office (Word, Excel, Microsoft Outlook), познавање на сметководствени политики и финансиска анализа;
- Способност за тимска работа;
- Преземање на инцијатива и позитивен пристап кон работните обврски.
Бенефиции:
- Платено приватно здравствено осигурување;
- Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;
- Тим билдинг и спортски активности, активности за мотивација на вработени.
- Слободен ден за роденден;
- Подароци за вработени во определени прилики (роденден, новороденче и сл.)
- Други бенефиции.
Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака Оглас за вработување на “Самостоен соработник за финансии”.
Со доставувањето на вашата апликација, потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за намената од овој оглас. Податоците ќе бидат избришани во рок од 1 година од приемот.
Нaпомена: Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.
Слични огласи »