
За компанијата:
Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна... повеќе за компанијата »
(преземи го огласот како слика)

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Број на работно место: 1
Локација: Скопје
Твоите работни обврски вклучуваат:
- Подготвување огласи за слободни работни места;
- Пронаоѓање на кандидати со користење на различни канали;
- Организација и имплементација на регрутација и селекција на кандидати за вработување;
- Пријава/одјава на вработени во АВРСМ/ФЗО како и поднесување на боледувања;
- Воведување на нови вработени во процесот на работа;
- Вршење прибирање, анализа, евиденција и обработка на записи поврзани со:редовноста на вработените – присуства, платени и неплатени отсуства, основни податоци за вработените и податоци за нивното вработување, оценка на учинокот на вработените (евалуација), обуки
- Учествува во креирањето и спроведувањето на активности поврзани со развој на персоналот, распоред на работно време и др;
- Теренска посета на вработените во сите подружници во С.Македонија;
- Изготвува административни извештаи за потребите на сите сектори (отсуства, прекувремена работа, број на вработени, персонални трошоци и сл.);
- Врши постојана координација и проверка на задолжителни обуки за безбедност и здравје при работа и здравствени прегледи за вработените;
- Координација и инволвираност во извршување на финансиските административни обврски со сектор сметководство.
Потребни квалификации:
- Дипломиран економист, правник, психолог или сродно образование од областа на човечки ресурси;
- Работно искуство најмалку 3 години;
- Искуство со MS Office пакетот;
- Задожително познавање на закони поврзани со областа;
- Способност за управување со доверливи информации.
Нудиме:
- Опкружување кое потикнува личен и професионален развој;
- Работа во динамична средина – предизвикувачки и разновидни работни задачи;
- Систем на наградување на успешните вработени;
- Работа со тим од професионалци и индивидулаци, кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација.
Биди тоа што си бидејќи го цениме твојот труд.
Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.
Доколку соодвествувате со опишаниот профил за работната позиција и ги исполнувате сите (или поголемиот дел) од горенаведените точки Вашата Професионална Биографија (CV) може да ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Специјалист за човечки ресурси.
Слични огласи »