Административен работник

Објавенпред 5 часа
Активен до18.11.2026
ПозицијаАдминистративен работник
ЛокацијаСкопје
Веб-страницаwww.oceanengineeringtech.com

Опис на огласот

Нашата компанија има потреба од одговорна, организирана и комуникативна личност за позицијата Административен работник со основни познавања од финансиска администрација.

Работни задачи и одговорности:

  • Извршување на секојдневните административни и канцелариски работи.
  • Подготовка, обработка, евиденција и архивирање на деловна документација.
  • Следење на издадени фактури, рокови за плаќање и наплата на побарувања.
  • Комуникација со клиенти во врска со фактури, плаќања и отворени побарувања.
  • Водење основни евиденции и изработка на прегледи за наплата и финансиски обврски.
  • Прибирање, проверка и организирање на фактури и останата документација потребна за сметководство.
  • Редовна комуникација и координација со надворешното сметководство.
  • Деловна комуникација преку електронска пошта и телефон.
  • Организација и следење на административните обврски на компанијата.
  • Извршување други административни задачи согласно потребите на работењето.

Потребни квалификации:

  • Најмалку средно образование, пожелно високо образование.
  • Претходно работно искуство во администрација ќе се смета за предност.
  • Основни познавања од финансиска документација, фактурирање и следење наплата.
  • Добро познавање на MS Office, особено Excel и Word.
  • Познавање на англиски јазик.
  • ⁠Добри комуникациски и организациски способности.
  • Прецизност, одговорност, самостојност и доверливост при работа.

Нудиме:

  •  ⁠Редовен работен однос.
  • Стабилна и професионална работна средина.
  • Можност за професионален развој.
  • Плата согласно квалификациите и работното искуство.

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе