
(преземи го огласот во Word)
Реномираната интернационална компанија Сокотаб ДООЕЛ Битола, дел од Сокотаб групацијата, лидер на светскиот пазар за откуп и преработка на ориентален тутун, бара високо мотивирани личности кои одговараат на описот за следната позиција:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНИ УСЛУГИ
Број на извршители: 1 (еден)
Улога
Носителот на оваа работна позиција подготвува и обезбедува релевантна документација, учествува во организирањето и координирањето на севкупниот процес на мегународни и локални испораки на тутун и по потреба го поддржува процесот на набавки на материјали за Сокотаб ДООЕЛ Битола.
Главните одговорности на позицијата вклучуваат:
-
Учествува во организирањето и координирањето на сите извозно/увозни и локални испораки од/до Mакедонија, во блиска соработка со ресурсите за финансии, логистика, продажба и набавка
-
Го почитува доверливиот карактер на работата и соодветно постапува
-
Се однесува и практикува високи етички и морални стандарди во работата
-
врши резервирање и организирање на транспортот, утоварот и испораката на контејнери/камиони
-
Го организира и координира царинењето со царинските посредници
-
Врши координација помеѓу продавачите/купувачите и Сокотаб на испораките на трети страни
-
Ја изготвува, обезбедува и испорачува потребната документација и извештаи, ги координира административните аспекти на процесот на испораки
-
Одржува и ажурира база податоци во релевантен модул на софтверскиот систем (САП)
-
Одржува максимална комуникација со 3-ти страни: купувачи, продавачи, бродски агенции, транспортни компании, царински посредници, државни надлежни органи и интерни купувачи/продавачи
-
По потреба помага и ги поддржува активностите поврзани со набавките на останати материјали во компанијата
Кандидатот треба да ги поседува следните квалификации:
-
Факултетска диплома од областа на eкономијата, меѓународна трговија или деловна администрација или, еквивалент средно образование со 5г. работно искуство на иста или слична позиција во меѓународна компанија
-
Искуство во организација и следење на испораки и логистика во постапката
-
Компјутерски вештини
-
Одлично изразување во писмена и усмена форма на англиски јазик
-
Одлични комуникациски вештини
-
Работно искуство во меѓународна компанија на иста или слична позиција ќе се смета за предност
-
Познавање на САП (модули што се користат во логистика) или сличен софтвер ќе се смета за предност
-
Познавање на закони и легислатива од сферата на царинското работење ќе се смета за предност
Доколку сте заинтересирани, го поседувате знаењето, сте тимски играч кој се карактиризира со добри меѓучовечки способности и комуникациски вештини, можеби сте кандидатот што го бараме.
Доставете ја Вашата апликација (CV и мотивационо писмо), најдоцна до 14 јуни 2018г. на следната адреса:
Сокотаб ДООЕЛ Битола
Оддел за човечки ресурси
с. Драгожани, 7000 Битола
Со назнака: Специјалист за комерцијални услуги
или на e-mail адреса [најави се за да го видиш е-маилот]
Вашата апликација треба да ги содржи сите неопходни информации за бараните квалификации како и пропратна докумантација (копии од документите за потврда на наведеното образование, дипломи, лиценци, референтни документи, итн). Само комплетни апликации ќе бидат земени во предвид.
Сокотаб ДООЕЛ Битола го задржува правото да изврши избор по сопствен наод и мислење, во законски предвидениот рок од 45/90/120 дена. Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат понатаму контактирани.

Слични огласи »