Во склоп на нашата Групација дејствуваат повеќе компании од различни дејности како што се: К.А.К ДОО Скопје - друштво за угостителство, туризам и услуги, во склоп на кое дејствува Le Grand Casino кое постои повеќе од 25 години со локации во Скопје и Битола
Ресорт Маврово (Хотел Бистра, Хотел Спорт и Хотел Лоџ, Спорт и Ски Центар Маврово) кое е место за одмор и рекреација на фамилии со деца, спортски припреми на професионални спортски организации и канцеларија за работа на индивидуалци и организации во сите годишни времиња.), со ќерка-фирма К.А.К. - АГРО ДООЕЛ Друштво за производство, промет и услуги.
Доколку сакаш да бидеш дел од нашиот тим и да работиш за една успешна групација аплицирај за работното место
МЕНАЏЕР ЗА МАРКЕТИНГ
(замена за породилно отсуство, со можност за продолжување на работниот однос)
Работни задачи и одговорности на Менаџерот за продажба:
- Ги оценува и оптимизира стратегиите за маркетинг и формира цени на услуги заедно со повисокото раководство
- Ги анализира трендовите на пазарот и подготовува прогнози.
- Генерира нови деловни потенцијали.
- Ја зголемување свеста за брендот и уделот на пазарот.
- Развивa маркетинг стратегија во согласнот со целите на компанијата и ја координира истата со секторите за продажба и финансии
- Информира за маркетинг стратегии и трендови до сите засегнати страни
- Води стратегија за ангажман на социјалните медиуми и на сите платформи, каде брендот е присутен (Facebook, Instagram, LinkedIn, Tiktok, Youtube, Spotify)
- Креира и постира содржини на официјалниот вебсајт на брендот (исто така на сите други OTA платформи, како Booking, Expedia или платформи како TripAdvisor, Google MyBusiness)
- Го управува процесот на соработка со агенција за Односи со јавност, доколку е применливо, или креира интерни ПР пораки
- Го развива и управува со буџетот на одделот за маркетинг
- Ја следи ефективноста на маркетинг кампањите и известува за наодите до извршниот тим. и следи стапки на конверзија и мерење на перформансите
- Преговара и склучува договори за соработка со маркетинг агенции.
- Пишува и доставува содржини и планови за социјални медиуми, радио и видео реклами, блог постови и презентации
- Предлага и координира рекламен материјал за печатени и дигитални медиуми
- Надгледува и координира брендирање, рекламирање и промотивни кампањи.
- Управува со вработените во секторот за маркетинг.
- Подготвува и презентира месечни, квартални и годишни извештаи до повисокото раководство.
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Високо изразени комуникациски и интерперсонални вештини
- Вештини за преговарање и презентација
- Креативност и аналитичност
- Позитивна, флексибилна и проактивна личност
- Градење на тимска работа
- Развивање на другите вработени во тимот
- Планирање, Буџетирање, Организација на работата
- -
-Решавање на проблеми и Одлучување
Потребни квалификации:
- Познавање на англиски јазик (говорен и пишан). Познавање на друг јазик се смета за предност;
- Високо образование, насока Маркетинг.
- Искуство на иста работна позиција во областа на хотелиерството од мин 3 години ќе се смета за предност;
- Вештини за работа со компјутер; Познавање на Microsoft Office: Word, Excel, Power Point, Internet, социјални мрежи
Доколку станете наш вработен добивате:
- Вработување на определено време за времетраење на породилно отсуство, со можност за продолжување на Договорот и по завршување на периодот за кој е склучен
- Можност за напредок, награди и бонуси;
- Обуки и тим билдинг активности;
- дополнителни бенефиции согласно работната позиција
Локација: Скопје (патувања до Маврово и Битола согласно потребите на работата)
Тип на вработување: Полно работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: [најави се за да го видиш е-маилот] и во subject наведете Менаџер за продажба.
Рок за пријавување на огласот: 05.05.2022
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- КАК ДОО е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.