За компанијата: Синцеритас е фармацевтска компанија основана во 2017 година, специјализирана за производство на производи од медицински канабис. Компанијата е извозно ориентирана, со сопствен производствен капацитет во...
повеќе за компанијата »Компанијата СИНЦЕРИТАС АД има потреба од вработување на практиканти во Секторите: Администрација (Скопје), Финансии и сметководство (Скопје), Производство (Росоман), Лабораторија (Росоман) и Култивација (Росоман).
Услови кои треба да ги исполнува практикантот:
- Да не е во работен однос;
- Да има дипломирано или да е студент на завршна година на студии во прв или втор циклус;
- Со или без работно искуство.
- Да поседува добри комуникациски вештини;
- Да поседува самоиницијативност, одлучност и желба за учење;
- Да има солидно познавање на англиски јазик;
- Да има познавање на Microsoft Office пакетот
Работодавачот со одбраните кандидати ќе склучи договор.
Праксата е платена во времетраење од еден до три месеци.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака - "Оглас за практиканти" и Секторот за кој аплицираат.