Оаза Алкалоиди ДОО лого

Хигиеничар/ка

За компанијата: Оаза Алкалоиди ДОО е со седиште во с.Таринци, Општина Карбинци , Република Северна Македонија и е компанија која се занимава со одгледување и обработка на медицински канабис .Фабриката е направена според високи стандарди за квалитет,безбедност и функционалност.Нашата компанија е една од првите компании во Република Северна Македонија здобиена со одобрение за одгледување и екстракција на канабис.

Работно место: ХИГИЕНИЧАР

Работни задачи:

  • Одржување на чиста и уредна работна средина;
  • Одржување на хигиена во сите работни и заеднички простории на објектот за производство и администрација;
  • Спроведување на дневни,неделни и месечни планови за чистење со потпис на одговорно лице;
  • Поднесува извештај за сите забележани хигиенски и технички нерегуларности на самите објекти до претпоставеното лице;
  • Управување со чиста и нечиста работна заштитна опрема;
  • Почитување безбедносни правила при работа со хемикалии.

Потребни квалификации за работно место:

  • ССС ;
  • Способност за следење на инструкции и работни упатства;
  • Одговорност, дисциплина и внимание на детали;
  • Прецизност и точност при извршување на работни задачи.

Што нуди компанијата:

  • Работно време претпладне од 07:00 до 15:00 , од Понеделник до Петок;
  • Конкурентна плата;
  • Здраво и безбедно опкружување;
  • Исплата на регрес за годишен одмор и минат труд.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »