
За компанијата: Охрид Органикс е компанија за медицински канабис со мисија да го подобри квалитетот на животот на поединците кои се соочуваат со здравствени предизвици. Нашиот најсовремен капацитет за одгледување се наоѓа...
повеќе за компанијата »Оператор (одгледувач) во Култивација во Фармацевтска индустрија
Работни задачи и одговорности:
- Активно учество во процесот на садење, клонирање, вегетативна и цветна фаза на одгледување на растенијата;
- Активно учество во процесите на кастрење, топирање, прихрана и подготовка на процесот за берба на растенијата;
- Активно учество во процесот на берба на канабис според стандардни оперативни постапки во согласност со добрите практики за земјоделско производство и безбедност и здравје при работа;
- Дневна проверка на здравјето на растенијата и навремено информирање на претпоставените доколку се забележат несообразности;
- Дневна евиденција на активностите во записи и дневници за евиденција;
- Одржување на хигиена на просториите и опремата за процесот на одгледување.
Потребни квалификации:
- Минимум завршено средно образование ССС (средна стручна спрема);
- Посветеност во работата и подготвеност за учење на нови техники на одгледување;
- Следење и почитување на стандардни оперативни постапки и упатства за работа;
При изборот за најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција проследен со тестирања и интервјуа.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на следнава e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »