
Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила, поради проширување на својот тим во секторот Квалитет има потреба од:
КОНТРОЛОР ЗА КВАЛИТЕТ
За позицијата:
Спроведува активности на меѓу фазна контрола на материјали, делови, склопови и производи.
Главни одговорности:
- Контролата на квалитет ја врши според прописите од техничката документација и од плановите за контрола. При тоа користи стандардни и специјални мерни , контролни и испитни средства , дефинирани во документацијата и се грижи за нивната исправност.
- Контролата ја врши во текот на изработка на серијата или по нејзиното завршување, на своето работно место или по принципот на “пилот контрола”.
- По извршената контрола , деловите ги класифицира на добри, лоши и делови за доработка-поправка. Деловите за доработка ги означува со “ Пропратна карта за доработка-поправка”, шкарт- деловите ги става во посебно означен простор.
- Секојдневно прави записи за примената или одбиената количина на материјали , делови и производи и го предава на претпоставениот.
- Врши контрола на позиции од магацинот за полупроизводи и магацинот за готова стока, пред нивната испорака на купувачите, при тоа водејќи сметка и за начинот на пакување.
- Навремено информира за потреба од интерно или екстерно баждарење на мерниот и контролниот алат.
Потребни квалификации:
- Машински инженер, машински техничар или сродно образование од техничка струка.
- Познавање на работа со мерни инструменти (шублер, висиномер, СММ).
- Солидно познавање на технички цртежи
- Предност - Работно искуство во контрола на квалитет, познавање на Англиски јазик
Нудиме:
- Компетитивни редовни месечни примања во зависност од знаењата и искуството
- Обезбеден оброк за вработените со избор од понудено мени
- Редовно покачување на платата
- Платени сите задолжителни додатоци и надоместоци според закон (прекувремена, сменска, ноќна работа, 13-та плата и др.)
- К-15 во износ од 30.000 денари
- Приватно здравствено осигурување
- Бонус за препорака на вработен
- Ваучери за Нова Година, 8ми Март, новогодишни пакетчиња
- Oбуки, бонус програми и можност за личен професионален развој
- Програма за купување со попуст и на рати во одредени компании
- Учество на бројни спортски настани и Тим Билдинг активности
- Работно искуство во динамична интернационална бизнис средина
- Пријатна и безбедна работна средина
Вашето CV испратете го на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
* Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.
** Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на ВАБТЕК МЗТ АД Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.
Слични огласи »