УНИЈА СМАРТ АКАУНТИНГ ДООЕЛ Скопје лого

Сметководител на плати

За компанијата:

Унија Смарт Акаунтинг е меѓународна сметководствена компанија која е дел од водечката светска ETL мрежа. Нудиме висококвалитетни услуги во областа на сметководство, советување и напредни ИТ решенија.... повеќе за компанијата »

Сениор Сметководител за Плати

Бараме личност која знае дека најубавите односи се – работните.Не бараме херој.

Бараме некој што знае дека најважните битки се оние што се добиваат со правилници и прецизно внесени броеви.

Кај нас секоја пресметка е приказна сама за себе – нема да најдете драматични пресврти, но ќе најдете ритам. Сигурен, точен и предвидлив ритам на една одговорна секојдневност. Бараме некој што знае дека мирот во компанијата често зависи од само една децимала. И некој што знае дека „пресметка“ всушност е најубавиот начин сè убаво – да се пресмета, евидентира и исплати.

 

Ако Excel за вас не е само алатка, туку поле за микроскопски прецизна уметност. Ако законот не ви е пречка, туку насока. Ако ве радува кога системот „кликнува“, затоа што знаете дека зад тоа стојат знаење, ред и добра организација – тогаш би сакале да станете дел од нашиот тим.

 

Нашите клиенти сакаат стабилност. Нашите вработени сакаат рамнотежа. Ние ве сакаме вас – ако верувате дека работата на референтот за пресметка на плати не е само низа бројки, туку и работа со луѓе, за луѓе.

 

Ако сакате сè да дојде на своето место – можеби вашето место е токму кај нас.

 

ЗА НАС

 

Унија Смарт Акаунтинг е меѓународна сметководствена компанија која е дел од водечката светска ETL мрежа. Нудиме висококвалитетни услуги во областа на сметководство, советување и напредни ИТ решенија. Нашите клиенти се водечките меѓународни и домашни компании кои имаат потреба од врвна и сигурна поддршка. Нашите колеги се водечки стручњаци во своите области, а редовната и систематска едукација гарантира дека тоа така и ќе остане. Нашата амбиција е да обезбедиме инспиративна работна средина и висока бизнис култура.

 

РАБОТНО МЕСТО

 

Како сметководител за плати, ќе се грижите за пресметка на платите за нашите клиенти и ќе ги советувате при наоѓањето на оптимални решенија.

Вашата работа ќе вклучува и:

  • Подготовка и пресметка на платите за клиенти во согласност со локалното законодавство;
  • Управување со документација и извештаи поврзани со платите;
  • Комуникација со релевантни институции и органи.

 

БЕНЕФИТИ

 

Како вработени во Унија група, имаме бројни поволности кои ни овозможуваат да напредуваме во професионален и личен контекст. На тој начин можеме подобро да се грижиме за квалитетот, односите се многу подобри, а работата едноставно попријатна. На сите вработени им нудиме:

  • Индивидуален годишен буџет за едукација;
  • Систематска грижа за можностите за професионален развој и напредување;
  • Можност за избор на хибриден модел на работа (2 дена во канцеларија, 3 дена на далечина);
  • Можност за работа од дома (1 ден) за сите кои нема да го изберат хибридниот модел на работа;
  • Скратено работно време во петок;
  • Повремено можете да работите во било која единица на Унија во регионот, од Љубљана и Загреб, до Сараево, Белград и Подгорица, па дури и во Тиват и Задар.

 

 

 

ПОСЕБНИ ПОВОЛНОСТИ НА ВАШЕТО РАБОТНО МЕСТО

 

  • Варјабилно наградување;
  • Флексибилно работно време.

 

ШТО ОЧЕКУВАМЕ

 

  • Најмалку 2 години релевантно искуство во пресметка на плати;
  • Добро познавање на локалните прописи и процедури во врска со платите;
  • Активно познавање на англиски или германски јазик е предност;
  • Искусво со Pantheon или слични сметководствени програми е предност.

 

ЛОКАЦИЈА

 

Радното место на сметководител за плати се наоѓа на адресата ул. 8. Ударна Бригада, бр. 39, Центар Скопје.

 

ПРИЈАВА

 

Доколку сметате дека улогата на сметководител за плати е интересен предизвик во вашата кариера и сакате да работите со нас, ве покануваме да ни го испратите вашиот CV на е-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот] .

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »