
За компанијата: АРЦ ЛТД нуди ИТ решенија за Вашата компанија од областа на систем администрација, серверски и принтинг решенија.
повеќе за компанијата »- Објавен пред 3 месеци
- АРЦ ДОО
- Активен до 24.05.2025
- Позиција: Програмер/Информатичар
- Локација: Скопје
- Веб: www.arc.mk
ИТ Специјалист и претпродажба
Вовед:
Идеалниот кандидат добива можност за вработување во нашата динамично опкружување и работа на напредни решенија во компанија со високи рефeрeнци која работи системска интеграција за
Работни ибврски:
- Дизајн, имплементација и одржување на комплексни ИКТ решенија
- Следење на воведување на нови производи и услуги,
- Изградба и одржување на ИТ системи базирани на технологии од светски реномирани ИТ компании и решенија во областа на системи за процесирање и складирање на податоци,
- Управување со ИТ, системи и висока достапност на решенија за одржување на бизнис континуитет.
- Прибирање, дефинирање и документирање на кориснички барања, развој на концептуален дизајн, спецификација архитектура решенија, развој на пероектна документација и имплементација на нови бизнис барања,
- Познавање на работа со NAS и SAN, MS сертификација ќе се смета за предност,
- Идентификација, подготовка и имплементација на софтверски решенија/апликации со соодветна хардверска подршка за развој, спецификации, конфигурации, тестирање и пуштање во работа
- Aнализи, пресметки, истражувања, избор и специфицирање на опрема,
- Учество и поддршка во пред-продажни активности, презентации на решенија, документирање и известување
- Овозможува техничка поддршка при добиени барања од страна на корисници регионалните канцеларии или ограноци (лично, по телефон или на меил), а кои се во врска со компјутерските системи, софтвер или хардвер, дава консултации и тренинг на работно место, и проверува дали проблемите се решени.
- Имплементира и одржува Cloud решенија или активира нови услуги на Cloud врз основа на постоечките потреби, и ги едуцира корисниците за поефикасна адаптација на Cloud.
- Го координира нарачувањето и одржува ажурна евиденција на компонентите на ИТ инфраструктурата (хардвер, софтвер, мрежни компоненти, резервни делови за компјутери, итн.), со цел овозможување зголемена достапност на ИТ инфраструктурата и услугите.
- Извршува надградби (системски, безбедносни...) и инсталации на системите.
Потребни квалификации:
- Познавање на ИТ инфраструктура, безбедност на системи, back up/restore на податоци, разни оперативни системи и платформи
- Доверливост, исполнителност, иницијативност, високи аналитички способности, комуникативност, тимска работа
- Солидно познавање и искуство во работа со мрежи (LAN/WAN технологија, компоненти, протоколи) и управување со безбедносни програми.
- Практично искуство со инсталација на клиентски компјутери и работа во виртуелна околина (инсталација и одржување на виртуелни сервери).
- Познавање на O365 апликации и Cloud технологиите.
- Капацитет за јасна комуникација и способност да објасни технички проблем на лица без технички познавања
- Релевантно работно искуство најмалку 4 години
- Солидно познавање на англиски јазик.
Профил
Образование и искуство
- Универзитетска диплома по информатички технологии и наука или слична дисциплина.
- За предност ќе се смета доколку имате сертификат за работа од Microsoft, Cisco, ITIL, Azure Cloud Services или слични технологии/практики.
- Професионално искуство на слична позиција за одржување на системи и обезбедување корисничка поддршка
Што може да очекувате од нас?
- Конкурентна плата и бенефити
- Можност за соработка со тимови од други земји
- Пријатна, ослободена од предрасуди и здрава работна средина во меѓународна компанија
- Континуирана можност за развој (коучинг и обуки на работно место, обуки, сертифицирање)
- Баланс помеѓу професионалниот и Вашиот приватен живот
*** Само квалификуваните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Слични огласи »