СЕ ВРАБОТУВА РЕЦЕПЦИОНЕР / ХИГИЕНИЧАРКА
ПЗУ по дерматовенерологијата во Скопје има потреба од вработување на:
РЕЦЕПЦИОНЕР/ХИГИЕНИЧАРКА
Бараме одговорна, комуникативна, уредна и организирана госпоѓа (25-45 години) која ќе биде задолжена за прием и комуникација со пациентите, како и за одржување на хигиената во установата.
Работно време:
- 8 часа дневно
- Понеделник – сабота
- Недела – неработен ден
Работни задачи:
- Пречек и прием на пациенти
- Закажување и потврдување на прегледи и термини
- Телефонска комуникација со пациенти
- Одговарање на пораки и основна комуникација со пациенти
- Водење основна административна евиденција
- Одржување на чистотата и хигиената во сите простории на установата
- Чистење и дезинфицирање на работните и заедничките простории
- Одржување на уредноста на рецепцијата и просториите
- Почитување на хигиенските и работните протоколи на установата
- Извршување на други задачи поврзани со работното место
Потребни квалификации и особини:
- Средно образование
- Комуникативност и љубезен однос кон пациентите
- Одговорност и сериозен однос кон работата
- Уредност и развиени хигиенски навики
- Организираност и способност за самостојна работа
- Основно познавање на работа со компјутер
- Претходно работно искуство на рецепција, во здравствена установа или во одржување хигиена ќе се смета за предност.
Нудиме:
- Стабилно и редовно работно ангажирање
- Пријатна и професионална работна средина
- Редовна плата
- Можност за долгорочен работен однос
- Работа во професионална здравствена установа
Место на работа: Скопје
Заинтересираните кандидати можат да испратат CV преку платформата или на:
E-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Телефон: 071 333 280