ТИМЕЛПРОЕКТ ДОО Скопје лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Електричари/Електромонтери

За компанијата:

Тимелпроект е една од водечките македонски интегрирани енергетски компании со повеќегодишно искуство во обезбедување на консултантски услуги, проектирање и изведба во областа на енергетиката. Од своето... повеќе за компанијата »

Тимелпроект – Скопје е мултидисциплинарна приватна инженерска компанија која обезбедува врвни консултантски услуги, проектирање, инженеринг и изведба во енергетската индустрија.

Тимелпроект го проширува својот тим, има потреба од вработување на: Електричари/Електромонтери
(3 позиции)

Локација: Скопје

Опис на работните задачи:

  • Работа со електро ормари, шемирање, скпопување во работни простории;
  • Користење на електрични шеми и техничка документација;
  • Контрола на изработени електро ормари;
  • Каблирање и изработка на електрични инсталации;
  • Преглед на опрема и инсталации за електрична исправност и поставеност;
  • Демонтирање и монтирање на електро опрема на терен;
  • Теренска работа во трафостаници и индустриски погони.

Потребни квалификации:

  • Средно образование од соодветна техничка струка;
  • За електричари, со работно искуство;
  • Способност за читање на техничка документација;
  • Способност за самостојна и тимска работа;
  • Желба за работа;
  • Организираност и одговорност;
  • Мотивирана и стабилна личност;
  • Самоиницијативност при извршување на работни задачи;
  • Возачка дозвола – Б категорија.

Ние ви нудиме:

  • Динамична работа;
  • Можност за едукација;
  • Шанса за понатамошно лично усовршување и адекватна заработка во согласност со Вашето искуство и залагање.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »