b watch 1920 лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Практикант за Графички Дизајн

За компанијата:

Нашата мисија е задоволување на барањата и потребите на купувачите во Македонија, бидејќи сме најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници и накит. Во нашето портфолио можете... повеќе за компанијата »

Практикант за графички дизајн

Бараме креативна, љубопитна и одговорна личност која сака да го направи својот прв чекор во светот на графичкиот дизајн и да стекне реално практично искуство работејќи на вистински проекти.

Доколку имаш интерес за визуелна комуникација, дизајн и креирање креативни содржини, ова е одлична можност да учиш, експериментираш и да ги развиваш своите вештини во динамична работна средина.

Кои ќе бидат твоите работни задачи:

  • Креирање визуелни содржини за социјални мрежи и дигитални канали
  • Помош при изработка на креативи за маркетинг кампањи и промотивни активности
  • Креирање и адаптирање на дизајни за различни формати и платформи
  • Работа со фотографии – основна обработка, прилагодување и подготовка за објава
  • Истражување на актуелни визуелни трендови, референци и инспирација за нови дизајни
  • Креирање идеи и концепти за визуелна комуникација
  • Работа на реални дизајнерски проекти за различни брендови
  • Соработка со маркетинг тимот при развивање на визуелни материјали

Кого бараме:

  • Лице кое посетува или има завршено академија, факултет или друга едукативна програма поврзана со графички дизајн
  • Основно познавање на Adobe Photoshop, Canva, Adobe Premiere или други алатки за графички дизајн
  • Креативност и чувство за естетика
  • Око за детали и прецизност
  • Интерес за визуелни трендови и дигитален дизајн
  • Одговорност и добра организација на времето
  • Желба за учење, експериментирање и усовршување на дизајнерските вештини

Што нудиме:

  • Платена пракса
  • Работно време од 1,5 час дневно, од понеделник до петок
  • Реално работно искуство со вистински дизајнерски и маркетинг проекти
  • Можност за развивање и усовршување на практични дизајнерски вештини
  • Континуирано учење и менторство во професионална средина
  • Работа на визуелни материјали за реални брендови и кампањи
  • Искуство кое ќе ти помогне да изградиш основа за идната кариера во графичкиот дизајн

Кај нас нема да бидеш само набљудувач, ќе бидеш дел од реални процеси, ќе креираш, ќе експериментираш и ќе учиш како изгледа работата на графичкиот дизајнер во пракса.

Доколку се препознаваш во описот и сакаш да го развиваш својот талент преку реални проекти, испрати ни го твоето CV и, доколку имаш, портфолио или примери од твојата досегашна работа!

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »