ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ - Стручен соработник (Медицински представник)
ЕСИ е златен стандард за хербални производи кај нас и во светот. Во Македонија е присутен од 2003 година и е етаблиран како БРЕНД БРОЈ 1 за додатоци во исхраната. Наши најпродавани производи се ДРИМО, ГИНКГОМАКС, НО ДОЛ, ПРОПОЛГОЛА спреј, како дел од една широка, богата и исклучително квалитетна палета на производи.
МЕДИКУС дооел Скопје е ексклузивен увозник на италијанската компанија ЕСИ с.р.л. од Италија.
Заради зголемен обем на работа и проширување на тимот вработуваме четири (4) Стручни соработници (м/ж), со или без искуство.
Кандидатите треба да ги имаат следните квалификации:
- Универзитетска диплома VII степен (фармација, стоматологија, медицина)
- Валидна возачка дозвола (Б-категорија) и возачко искуство
- Познавање на MS office пакетот
- Комуникациски и презентациски вештини
- Познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски
Целта е промовирање на производите на ЕСИ срл од Италија, производител на додатоци во исхраната – хербални производи, корисни за добросотојба на здравјето.
Одговорности:
- Спроведување на предвидените маркетинг активности со посета на лекари и фармацевти, со цел стручна и професионална промоција и презентација на производите од ЕСИ, а со цел зголемување на присутноста на пазарот и продажбата
- Градење на добри релации и убав однос со клиентите со цел создавање на доверба во компанијата ЕСИ и нејзините производи
- Поднесување на писмени извештаи за извршените посети
- Остварување на предвидениот план за посети
Се работи на територија на цела Македонија.
Локацијата на седиштето е во Ѓорче Петров.
Компанијата ќе ви овозможи:
- Привлечна почетна плата и брзо напредување
- Обука под надзор на ментор
- Редовна исплата на К-15
- Службено возило за потребите на работата
- Патување во Италија за најуспешните вработени
- Бонуси за успешно работење
За аплицирање на конкурсот потребно е да испратите:
- Резиме (кратка биографија) со фотографија,
- Мотивациско писмо,
- Уверение за завршено соодветно образование, како и
- Копија од возачка дозвола
На [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 06.02.2026 година.
Ќе бидат контактирани само кандидати кои ги исполнуваат условите.