
За компанијата:
„Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 140 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија... повеќе за компанијата »
АД ЕВРОПА Скопје има потреба од ПРОДАВАЧИ кои ќе ги извршуваат работните задачи во Специјализираните проданици на АД ЕВРОПА Скопје.
Задачи на работното место:
- Услужување на купувачите и продажба на производите;
- Работа со документи поврзани со секојдневното функционирање на продажното место;
- Континуирано учење на специфичностите на производите;
- Следење на залиха на артиклите;
- Учество во редовни пописи на артиклите;
- Редовно административно заведување на артиклите (влез- излез);
- Други работни задачи поврзани со секојдневното функционирање на продажниот објект.
Потребни квалификации:
- Завршено минимум средно образование
- Познавање и користење на MS Office и Internet;
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
- Претходно работно искуство на иста позиција ќе се смета за предност
- Брзина, прецизност, одговорност, ефикасност во работата
- Убедливост и градење однос со потрошувачи
- Флексибилност и адаптибилност.
- Почитување на колеги и претпоставени, насоченост на тимска работа
Компанијата нуди:
- Можност за вработување на неопределено време.
- Можности за кариерен напредок.
- Работа во смени согласно даден распоред од претпоставен.
- Редовни месечни примања, надоместоци.
- Платен оброк за секој вработен.
Сите кандидати кои се заинтересирани за ова работно место, имаат можност да аплицираат на овој оглас со доставување на CV на следниот mail: hr@evropa.com.mк
Ве молиме да наведете во subject: Апликација за продавач. Само избраните кандидати ќе бидат повикани на селективно интервју. Ве молиме без телефонски јавувања.
Слични огласи »