СИГАЛ ЛАЈФ ИНШУРЕНС ГРУП е дел од една од водечките осигурителни групации во регионот. Групацијата е присутна во повеќе држави во регионот преку мрежа на друштва за осигурување и илјадници вработени, кои секојдневно обезбедуваат квалитетни и сигурни осигурителни решенија, насочени кон заштита и задоволување на потребите на клиентите.
Како дел од силна меѓународна групација, СИГАЛ ЛАЈФ ИНШУРЕНС ГРУП им овозможува на своите вработени стабилна и динамична работна средина, можности за професионален развој и надградба, како и работа во тим составен од професионалци со јасна визија и амбиција.
Во согласност со нашата цел и стратегија, имаме потребa од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната позиција:
Менаџер за продажба на животно осигурување.
Основни задачи:
- Воспоставување на контакти со клиенти, со цел остварување на продажба;
- Планирање и организирање на продажните активности;
- Промовирање на карактеристиките на продуктите за животно осигурување;
Потребни квалификации и вештини:
- Пожелно претходно искуство во осигурување
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини и ориентираност кон деловни резултати;
- Организираност и аналитичко размислување;
- Мотивирана, стабилна и одговорна личност;
- Проактивност, динамичност и ориентираност кон постигнување резултати;
- Способност за самостојна и тимска работа.
Што нудиме:
- Вработување со полно работно време;
- Исплата на фиксна плата со дополнителен варијабилен дел врз основа на остварена продажба;
- Континуирана обука, едукација и професионален развој.
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси,испратете персонална биографија (CV) на следната e-mail адреса [најави се за да го видиш е-маилот] или аплицирајте преку полето „Аплицирај“.
Само кандидатите чии квалификации одговараат на барањата и потребите на компанијата ќе бидат контактирани телефонски или писмено за покана на разговор
Личните податоци на кандидатите се третират како строго доверливи и ќе бидат обработувани и заштитени во согласност со важечките законски прописи за заштита на лични податоци.