Ле Гранд Казино лого

Шанкер

За компанијата: LeGrand Casino останува едно од првите и најдобрите казина во Северна Македонија, главна дестинација за пошироката јавност, бидејќи казиното континуирано се oбновува и подобрува повеќе од 25 години од отворањето во Скопје и Битола. Зачувувајќи ја традицијата, но сепак секогаш иновативни. повеќе за компанијата »

Оглас за вработување во Ле Гранд Казино – Скопје и Битола

Со повеќе од 25 години на пазарот, Ле Гранд Казино е едно од најстарите казина во нашата земја, синоним за перфектно искуство во светот на игрите на среќа.

Ле Гранд Казино Скопје и Ле Гранд Казино Битола вработуваат ШАНКЕР.

Работни одговорности на Шанкер во Ле Гранд Казино:

- Подготвува и послужува пијалоци во согласност со нарачките од гостите;

- Се грижи за одржување и хигиена во работниот простор;

- Води евиденција за залихата на пијалоци;

- Други одговорности соодветни на работното место Шанкер.

Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:

- Да е љубезна, ведра и насмеана личност;

- Лојалност и чесност;

- Проактивна, вредна и енергична личност;

- Одговорност и посветеност кон работата,

- Тимски играч и колегијалност;

- Личност која со ентузијазам ќе ги учи и применува работните задачи;

- Желба за личен раст и развој;

- Брзина и спретност.

Потребни квалификации:

- Минимум ССС;

- Познавање на странски јазик ќе биде предност;

- Искуство во угостителство ќе се смета за предност;

- Работа во три смени.

Доколку станете наш вработен добивате:

- Основна плата + додатоци на плата согласно Закон за работни односи (Минат труд, Работа во недела, Работа на празник, Ноќна смена, Прекувремено работно време) + типс согласно правилникот за бодирање на типсот за ова работно место

- Можност за напредок согласно направените евалуации од страна на претпоставените лица

- 50% попуст на сместување во сместувачките капацитети на Ресорт Маврово и попуст за ски карта

- Обуки и тим билдинг активности

Локација: Ле Гранд Казино Скопје и Ле Гранд Казино Битола

Тип на вработување: Полно работно време

Рок за пријавување на огласот: 31.08.2022

Како да аплицирате:

Пратете ни ја Вашата комплетна апликација (CV и Мотивационо писмо) на следниот меил: [најави се за да го видиш е-маилот] и во subject наведете „Шанкер – Ле Гранд Казино Скопје“ или „Шанкер – Ле Гранд Казино Битола“.

Лице за контакт: Димитрија Ристевски – Сектор за Човечки ресурси, К.А.К. ДОО

Disclaimer:

- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;

- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;

- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;

- Ле Гранд Казино Битола е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »