БИЛИВИО лого

Senior PHP Developer

За компанијата:

BEELIVIO е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети... повеќе за компанијата »

Активни огласи од БИЛИВИО:

Full Stack .NET Core Developer

Оглас за вработување на Senior PHP Developer

БИЛИВИО е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети во повеќе од 15 земји ширум светот.

Поради зголемен обем на работа има потреба од проширување на програмерскиот тим и објавува конкурс за вработување на PHP програмери кои ќе имаат можност да работат на интересни и динамични проекти базирани на современи технологии, со можност за брзо напредување во одлични услови.

Програмерите кои ќе станат дел од нашиот тим ќе учествуваат во:

  • Анализа на барањата и дизајн на решението според потребите на клиентот;
  • Развој на софтвер и креирање на техничка документација;
  • Тимски состаноци и директна комуникација со клиенти.

Потребно е познавање и искуство со реални проекти на:

  • Работно искуство со PHP;
  • Познавање и искуство со  Laravel и Symfony;
  • Искуство во градење микросервисни архитектури со користење на RESTful сервиси;
  • Rаботно искуство со MySQL;
  • Познавање на JavaScript;
  • Солидно познавање на HTML, CSS3;
  • Солидно познавање на англиски јазик;

Хибриден режим на работа.

Предност би имале кандидатите со искуство во:

  • Google APIs;
  • Web APIs;
  • Unit testing;
  • Искуство со Azure DevOps 

Зошто би требало да станете дел од нашиот тим?

  • Ќе работите во професионален тим, кој е насочен кон усовршување и надоградба на вештини.
  • Ќе учите и ќе бидете во тренд со новите технологии.
  • Квалитетот и довербата кај нас се на прво место.

Ние нудиме:

Загарантирана висока почетна плата како и можност за брзо напредување.

Квалитетна и професионална работна средина.

Одлична работна атмосфера и брзо професионално надоградување.

Вашето кратко резиме (CV), испратете го на e-mail адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »