Плата од 60.000 ден. до 120.000 ден.
За компанијата:
Мадал Бал е интернационална компанија, која успешно обединува широк спектар на бизниси и понуда на производи. Основана во Цирих во 1978-мата година, започнувајќи со продавница за здрава храна, таа денес... повеќе за компанијата »
(преземи го огласот како слика)

Мадал Бал ДООЕЛ ВРАБОТУВА
ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР или АРХИТЕКТ
Отворени се 2 работни позиции
Поради проширување на тимот и зголемен обем на работа, бараме две лица за работа на нашите проекти во Скопје.
1. ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР / АРХИТЕКТ – СО ИСКУСТВО
Бараме градежен инженер или архитект со работно искуство, способен самостојно да организира и раководи со градилиште.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование – Градежен или Архитектонски факултет
- Претходно искуство во изведба на станбени и/или деловни објекти
- Способност за самостојно водење и организација на градилиште
- Координација на изведувачи, подизведувачи и останати учесници
- Следење на динамика, квалитет и реализација на работите
- Одговорност, организираност и способност за раководење со тим
Плата: по договор во зависност од квалификациите и искуството
2. АРХИТЕКТ – СО ИЛИ БЕЗ ИСКУСТВО
Одлична можност за архитект кој сака да стекне практично искуство и професионално да се развива.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование – Архитектонски факултет
- Познавање на ArchiCAD
- Работно искуство не е задолжително
- Желба за учење и професионален развој
- Одговорност, прецизност и способност за тимска работа
Почетна плата: 60.000 денари
НУДИМЕ:
- Редовни месечни примања
- Договор за вработување
- Работа на станбени и деловни проекти
- Можност за професионален развој и напредување
- Стабилна и долгорочна работа
📍 Локација: Скопје
📧 CV: [најави се за да го видиш е-маилот]
📞 Контакт: 075 275 002
MADAL BAL CONSTRUCTION
Слични огласи »