
За компанијата:
Нашата мисија е задоволување на барањата и потребите на купувачите во Македонија, бидејќи сме најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници и накит. Во нашето портфолио можете... повеќе за компанијата »
Бараме комуникативна, енергична и одговорна личност која сака стабилна работа, но и можност да заработува повеќе преку резултати.
Нашите часовници се моден израз – клиентите не купуваат само време, туку стил.
Кои ќе бидат твоите работни задачи:
- Активна продажба и советување на клиенти
- Презентација на модели и помош при избор
- Градење пријатно искуство за купување
- Работа со каса и евиденција
- Одржување уреден и привлечен изложбен простор
Кого бараме:
- Искуство во продажба (предност, не услов)
- Самодоверба и позитивна енергија
- Одговорност и точност
- Желба за работа со луѓе
- Способност за работа со месечни таргети
Што нудиме:
- Стабилна фиксна плата
- Бонус од продажба (реално достижен)
- Сигурно и редовно исплаќање
- Работа во динамична и модерна средина
- Можност за напредување
Кај нас имаш сигурност, но и простор да заработиш повеќе ако вложиш повеќе.
Доколку се препознаваш во описот, испрати CV тука!
Слични огласи »