ПЗУ НИКОБ МЕДИКАЛ, посветена на обезбедување квалитетни здравствени услуги и континуиран развој, објавува оглас за вработување на позицијата:
ЕКОНОМСКИ ДИРЕКТОР
За нас
ПЗУ Никоб Медикал работи во динамична и регулирана средина, со фокус на квалитет и професионалност.
Во своето работење остварува соработка со државни институции, здравствени институции, добавувачи и деловни партнери.
Главни одговорности
- Соработка и комуникација со Министерство за здравство, Фонд за здравствено осигурување и други надлежни институции.
- Следење на обврските кон добавувачи и побарувањата од клиенти и партнери.
- Подготовка и следење на годишни буџети, финансиски планови и проекти.
- Анализа и контрола на трошоците и предлагање мерки за оптимизација.
- Координација со сметководство, финансии, набавки и други релевантни оддели.
- Подготовка на финансиски извештаи и анализи за раководството.
- Учество во планирање на набавки, инвестиции и развојни активности.
Потребни квалификации
- Високо образование од областа на економија, финансии, сметководство или сродна област.
- Релевантно работно искуство во финансии, економија, сметководство или на раководна позиција.
- Напредно познавање на MS Office, особено Excel.
- Познавање на странски јазици (Англиски јазик)
- Познавање на релевантната законска регулатива поврзана со работење на ПЗУ.
- Развиени аналитички, организациски, комуникациски и раководни способности.
- Одговорност, прецизност, доверливост и способност за самостојно донесување одлуки.
Предност ќе имаат кандидатите со
- Искуство во здравствен сектор или приватна здравствена установа минимум 2 години.
- Искуство во раководење со тим.
- Познавање на здравствениот систем и специфичностите на финансиското работење во здравството.
- Искуство во соработка со ФЗО, приватни осигурителни компании и други институции во здравствениот сектор.
Нудиме
- Одговорна и раководна позиција во професионална работна средина.
- Конкурентни услови за работа и наградување согласно искуството и компетенциите.
- Можност за професионален развој и унапредување.
- Работа во стабилна и динамична организација.
- Можност за учество во стратешки и развојни процеси на установата.