Реномираната интернационална компанија Сокотаб ДООЕЛ Битола, дел од Сокотаб групацијата, лидер на светскиот пазар за откуп и преработка на ориентален тутун, бара високо мотивирани личности кои одговараат на описот за следната позиција:
РАБОТНИК ЕВИДЕНТИЧАР ВО МАГАЦИНИ
Број на извршители: 9 (девет) во Драгожани/Битола
1 (еден) во Велес
Улога
Извршителот на оваа работна позиција е одговорен за внесување на податоци поврзани со приемот на тутун и други материјали во магацинот, евидентирање на сите трансфери на тутун и/или други материјали од нивната базична локација, како и друга документација со која работи одделот. По потреба, работи и како општ работник за утовар, растовар и преместување на тутуни.
Главните одговорности на позицијата вклучуваат:
-
Точно и уредно внесување и одржување на податоците и документацијата за прием, трансфер и издавање на тутун, и/или паковен и други материјали
-
Евидентирање на превагување на камионите
-
Учествува во припрема на хармани, тутуни за инспекција, како и тутуни за испорака
-
Подготвува извештаи за залихи на тутун и други материјали
-
Учествува во процесот на утовар/растовар на тутун
Кандидатот треба да ги поседува следните квалификации:
-
Минимум завршено средно образование или еквивалент на тоа работно искуство на иста позиција како огласената во времетраење од 5 години/сезони
-
Основно познавање на англискиот јазик
-
Задоволително ниво на компјутерски вештини
-
Лиценца за управување со вилушкар ќе се смета за предност
-
Работно искуство на иста работна позиција во компанија за откуп и преработка на тутун во времетраење од најмалку 2 години/сезони ќе се смета за предност.
-
Одговорност, уредност, доверливост
-
Физичка подготвеност за подигање на товар
Договорни услови:
-
Договор на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување
-
Работно време: полно, 40 часа неделно, понеделник-петок
Доколку го поседувате знаењето, сте тимски играч кој се карактиризира со добри меѓучовечки способности и комуникациски вештини, можеби сте кандидатот што го бараме. Доставете ја Вашата апликација (CV и мотивационо писмо), најдоцна до 09 април 2018г. на следната адреса:
Сокотаб ДООЕЛ Битола
Оддел за човечки ресурси
с. Драгожани, 7000 Битола
Со назнака: Работник Евидентичар во магацини
или на e-mail адреса [најави се за да го видиш е-маилот]
Вашата апликација треба да ги содржи сите неопходни информации за бараните квалификации како и пропратна докумантација (копии од документите за потврда на наведеното образование, лиценца, возачка, итн). Само комплетни апликации ќе бидат земени во предвид.
Сокотаб ДООЕЛ Битола го задржува правото да изврши избор по сопствен наод и мислење, во законски предвидениот рок од 45/90/120 дена. Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат понатаму контактирани.
Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Сокотаб ДООЕЛ Битола, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност.