
За компанијата: Telelink Infra е дел од Telelink Group. Нашиот основен бизнис се фокусира на дизајн и изградба на мрежна инфраструктура, целосен опсег на интегрирани безбедносни решенија и системи за заштита на критичната инфраструктура заедно со развивање и имплементирање на паметни технологии за иднината.
повеќе за компанијата »Телелинк МК ДОО има потреба од мотивиран и одговорен кандидат за позицијата GPS инсталатер
Опис на работни задачи:
- Инсталација и конфигурација на GPS уреди во возила
- Дијагностика и отстранување на технички проблеми
- Одржување и сервисирање на веќе инсталирани уреди
- Комуникација со клиенти и обезбедување техничка поддршка
- Водење евиденција за извршените интервенции
Потребни квалификации:
- Средно стручно образование (електротехника, автомеханика или сродно)
- Основно познавање на електроника и авто-електрика
- Возачка дозвола Б категорија
- Основно познавање на работа со компјутер
- Одговорност, прецизност и способност за работа на терен
Ќе се смета за предност:
- Претходно искуство со GPS системи или авто-електроника
- Познавање на дијагностички алатки
Слични огласи »