ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое континуирано вложува во својот раст и во унапредување на позицијата на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. Како компанија посветена на развојот, им нудиме на нашите вработени динамична и одговорна работна средина, со можности за професионален напредок, континуирана едукација и лична надградба.
Во насока на реализација на нашите стратешки цели, бараме мотивирани, посветени и професионални кандидати за појачување на нашиот тим, на следната работна позиција:
Соработник за продажба во Оддел за индиректни канали на продажба
Опис на работните обврски
- Врши координирање, следење и давање поддршка на индиректни канали;
- Изготвува понуди и полиси за осигурување и потврдува полиси за индиректни канали на продажба согласно своите лимити и овластувања, согласно вид на продукт, а над одредениот лимит бара одобрување од претпоставен;
- Постојано соработува со индиректните канали на продажба и служи како канал на комуникација со индиректните канали на продажба во врска со сите нивни барања за понуди за осигурување, техничка поддршка или било какви информации за кои индиректни канали ќе има потреба;
- Учествува во преговарање на специфични услови на полисите за осигурување со индиректни канали;
- Ја следи обновата на осигурувањата и наплатата на премии од Индиректните канали на продажба;
- Се грижи за уредно раздолжување на користени обрасци од страна на индиректните канали, како и правилно користење на истите;
- Одговара за правилна примена на законските прописи, тарифи на премии и условите од страна на Индиректните канали на продажба;
- Ја поттикнува продажбата преку ндиректни канали преку осмислување на нови концепти за зголемување на продажбата преку давање на предлози за пакети, понуди и сл.
- Учествува и дава предлози при изготвување на условите на осигурување и тарифите на премии;
- Постојано го следи портфолиото на индиректните канали и дава предлози за можност за подобрување и зголемување на истото;
- Врши и други работи на барање на претпоставени.
Потребни квалификации и карактеристики:
Завршено високо образование VII/1 степен;
Работно искуство на иста или слична работна позиција од најмалку 1 (една) година;
Одлично познавање на македонски и англиски јазик. Познавањето на Турски или Албански јазик се смета за предност;
Напредно користење на MS Office (Word, Excel, Microsoft Outlook);
Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
Способност за тимска работа;
Преземање на инцијатива и позитивен пристап кон работните обврски.
Бенефиции:
Приватно здравствено осигурување;
Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;
Тим билдинг и спортски активности, активности за мотивација на вработени.
Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака Оглас за вработување на “Соработник за продажба”.
Напомена: Со достава на Вашата апликација по овој оглас за вработување, вие ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Истите ќе се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција и ќе бидат избришани по завршување на процесот на селекција на кандидат.